Дионисиј (лат. Dionysius) — римски папа во периодот од 22 јули 259 до 26 декември 268 година[1]. Светиот престол останал празен скоро една година по смртта на Папа Сикст II, поради прогонувањето на христијаните. Император Валериан I, кој го организирал протерувањето бил убиен од страна на Персија во 260 година. Новиот император Галиен издал налог за толерантност кон новата религија и на христијанството му дал законски статус. Дионисиј бил првиот папа, кој не бил прогласен како маченик. Неговото чествување е на 30 декември.

Dionysius
Родено име Дионисиј
Папа од 22 јули 259
Папа до 26 декември 268 година
Претходник Папа Сикст II
Наследник Папа Феликс I
Роден непознато
Грција
Починал 26 декември 268 година
Рим, Италија
Други папи по име Дионисиј
Свети Дионисиј Римски

Наводи

уреди