Патишта во Македонија

Патишта во Македонија — патната сообраќајна мрежа на државни патишта во Македонија од национален, регионален и месен (локален) карактер. За патиштата е одговорно Јавното претпријатие за државни патишта, задолжено за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на патиштата.[1]

Карта на патната мрежа на Македонија.
Автопатот „Пријателство“ (А1).

Патниот сообраќај има најголем удел во вкупниот превоз на стока и патници во земјата, а внатрешниот сообраќај е позастапен од меѓународниот и транзитниот. Македонија има добро развиена и квалитетна патна мрежа во вкупна должина од 14.182 км. Тука влегуваат автопатишта, магистрални патишта, регионални и локални патишта. Главни оски на патната мрежа се паневропските коридори VIII (исток - запад) и X (север - југ).[1]

Регионалните патишта водат од поединечни места до главните коридори и магистралната мрежа и заедно со локалните патишта играат значајна улога во развојот на месните стопанства, вложувањата, малите претпријатија и земјоделството во Македонија.

Според податоците од 2019 г. сета државна патна мрежа има вкупна должина од 14.182 км, од кои 242 км се автопатишта, 911 км се магистрални патишта, 3.771 км се регионални, а 9.258 км се локални.[1]

Историја

уреди

Во повоениот период од 1945-1957 година, патиштата во Македонија се наоѓале во катастрофална состојба. Првите чекори во процесот на обновување на патиштата биле направени од новоформираните секции за патишта со седишта во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Битола и Охрид.

Координирањето на работата на секциите во тој период ја врши Републичката дирекција за патишта, која покрај другото се грижела и за проодноста и одржувањето на основната патна мрежа. Нивна примарна задача била обновата и реконструкцијата на дел од патиштата, а како резултат на тоа биле модернизирани повеќе од 200 км патишта.

Карактеристично за следниот период од 1958-1965 година, е тоа што работите заземаат сè посилен замав. Во 1966 година е донесена првата програма за изградба на патишта, а тоа значи дека веќе почнува да се работи плански и долгорочно. Главната заслуга за тоа ја имаат тогашното Министерство за сообраќај и Републичката дирекција за патишта. Во овој период е формирана и Дирекцијата за изградба на автопатот „Братство-единство“, кој поминува низ Македонија во должина од 162 км. Во април 1965 година е формиран Републичкиот фонд за патишта, а дотогаш во Македонија се изградени, реконструирани и модернизирани патишта во должина од 611 км.

Во 1966 година за првпат претпријатијата за патишта се интегрираат во едно претпријатие, наречено „Македонија пат“. Во истиот период е изработена и петгодишната програма за реконструкција на патната мрежа до 1970 година. Инвеститорските функции за реализирање на оваа програма до 1969 година биле под ингеренции на Македонија Пат, додека веќе во 1970 година, истите ги презема Републичкиот фонд за патишта. Според програмата со која се предвидувало да се реализираат 425,4 км до 1970 година биле изградени и реконструирани вкупно 372,4 км додека останатите 52 км биле реализирани во 1972 година.

Работата за обнова на патната мрежа не запира тука. Во периодот до 1975 година се работи интензивно, а доказ за тоа се новоизградените 11 патни правци во должина од 537 км. Во овој период, за извршување на финансиската програма е формиран Совет за изградба, одржување и реконструкција на патиштата, во чии рамки била организирана и функционирала стручна служба.

Примарна задача на Советот во периодот што следува е изградбата на автопатот „Братство-единство“. Овој значаен проект е реализиран до 1980 година благодарение на распишаниот заем за патишта, како и на учеството на жителите од целата Република. Покрај овој крупен зафат изградени се 431 км патишта и рекордни 1.537 км локални патишта.

Реализацијата на проектите предвидени во среднорочната програма за периодот од 1981 до 1986 година, ги презема новоформираниот Републички СИЗ за патишта. Во овој период СИЗ-от ја презема целокупната координација на работите околу изградбата, реконструкцијата и модернизацијата на патиштата. Во ова среднорочие изградени се преку 630 км. патишта до селата, а на критичните места се поставени нови пунктови за одржување на патиштата.

Изминатиот период, дел од патните правци се изградени преку странски заеми, додека за периодот до 1988 година карактеристично е тоа што изградбата на патиштата се реализира преку сопствени средства. За првпат како приходи се користат собраните средства од патарина од наплатната станица на автопатот Куманово - Велес. Истовремено е завршена и изградбата на наплатните станици Куманово, Сопот и Отовица.

Иако со застарена технологија и минимални средства, сепак успешно се направени првите чекори во инвестирањето и изградбата на патната мрежа во Македонија. Генерално развојот на патната мрежа во повоениот период е успешно реализирана благодарение на големата упорност на СИЗ-от за патишта.

Со донесувањето на Закон за јавни патишта од 1996 година, до 2008 година функционира Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со донесување на Законот за јавни патишта од 11 јули 2008 година се основа Агенција за државни патишта како правен следбеник на Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со измените на Законот за јавни патишта од 27 декември 2012 година, основано е Јавното претпријатие за државни патишта коешто ги презема правата и обврските, вработените, имотот, средствата и архивата на Агенција за државни патишта.

 
Регионален пат дел од Националниот парк „Маврово“

Категоризација

уреди

Категоризација до 1994 г.

уреди

Категоризација 1994-2011

уреди

Старата категоризација на патиштата ги вклучува магистралните и регионалните патишта.[2]

Ознака за магистрален пат била буквата „М“ и едноцифрен број од 1 до 7.

Ознака за регионален пат била буквата „Р“ и трицифрен број од кој првиот број мора да е од 1-7 т.е. регионалниот пат мора да произлегува од еден од 7 магистрални патишта.

Пример за регионален пат:

Категоризација од 2011 г.

уреди

Според одлуката на Владата на РМ од 2011 г.[3] патиштата во државава се делат на:

  1. А патишта - автопат / експресен пат / магистрален пат (ознака АХ, каде Х е број од 1 до 4)
  2. Р патишта - регионален пат
    1. Р1 патишта - регионален пат од прва категорија (формат: Р1Х01-Р1Х31, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    2. Р2 патишта - регионален пат од втора категорија (формат: Р2Х31-Р2Х70, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    3. Р29 патишта - регионален пат кој не ги задоволува критериумите за регионален пат, но поврзува места од културно-историска вредност (Р29Х71-Р29Х99, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат)
  3. Л патишта - локален пат, кој ги поврзува селата со општинските центри или регионалните патишта (формат ЛББ01-ЛББ99, каде ББ е реден број на општината).

Список на патишта во Македонија

уреди

Следи список на сите патишта во Македонија, групирани според нивните класи. Покрај нивната должина и број на делници (или излези кај автопатиштата), дадени се главните места низ кои минуваат патиштата, како и другите патишта со кои се поврзува секој од нив. За сите места низ кои минуваат поединечните патишта, погледајте ги соодветните статии каде се нудат подробни информации, бидејќи патиштата минуваат низ или крај повеќе места отколку што е наведено во главните одредници.

Автопатишта (класа А)

уреди
Автопатишта (класа А)
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
А1 173 87   Србија (  ГП „Табановце“) - Куманово - Миладиновци - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија -   Грција (  ГП „Богородица“) и делница Градско - Прилеп (врска со  )
А2 73 92   Бугарија (  ГП „Деве Баир“) - Крива Паланка - Страцин - Романовце (Куманово) - Миладиновци - Скопска обиколница - Тетово - Гостивар - Кичево - Требеништа - Струга -   Албанија (  ГП „Ќафасан“)
А3 ? 59 Крстосница Требеништа (врска со  ) - крстосница Подмоље - Охрид - Косел - Ресен - Битола - Прилеп - Велес - Штип - Кочани - Делчево -   Бугарија (  ГП „Рамна Нива“) и делница Битола (крстосница Кукуречани -   Грција (  ГП „Меџитлија“)
А4 ? 44   Косово (  ГП „Блаце“) - крстосница Стенковец - Скопска обиколница - Петровец - Миладиновци - Свети Николе - Штип - Радовиш - Струмица -   Бугарија (  ГП „Ново Село“)

Регионални (класа Р1)

уреди
Регионални патишта од класата Р1
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р1101 65,5 13 Прилеп (врска со  ,  ) - Битола - Макази - Царев Двор (врска со  )
Р1102 75,9 25 Скопје (врска со   - Скопска обиколница) - Катланово - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија - (врска со  )
Р1103 51,9 7 Лакавица (врска со  ) - Неготино (врска со  ) - Кавадарци - Дреново (врска со  )
Р1104 35,7 5 Скопје (врска со   - Скопска обиколница) - Арачиново - Куманово (врска со  ) -   Србија (  ГП „Сопот“)
Р1105 50,7 9 Врска со   - Миравци - Давидово - Удово (врска со  ) - Валандово - Раброво - Нов Дојран -   Грција (  ГП „Сретеново“) и делница Стар Дојран -   Грција (  ГП „Николиќ“)
Р1106 106,7 8 Врска со   - Драчево - Варвара - Нова Брезница - Кула - Коломот - Мост кај Близанско - Калуѓерец - Суводол (врска со  )
Р1107 127,6 10 Градско (врска со  ) - Росоман - Кавадарци - Мушов Гроб - Витолиште - Ново Лагово (врска со  )
Р1108 43,8 1 Гевгелија (врска со  ) - Моин - Конско - Смрдлива Вода - СЦ „Кожуф“
Р1109 18,5 2 Гевгелија (врска со  ) - Богданци - Фурка (врска со  )
Р1201 52,4 7 Струга (врска со  ) - Дебар (врска со  ) и делница Џепиште -   Албанија (  ГП „Џепиште“)
Р1202 61,7 10 Врска со   - Маврови Анови - Дебар -   Албанија (  ГП „Блато“) и делница за Бигорскиот манастир
Р1203 27,7 4 Тетово (врска со  ) - Вратница -   Косово (  ГП „Јажинце“)
Р1204 99,1 11 Куманово (врска со  ) - Свети Николе - ЖС „Овче Поле“ (врска со  ) - Кадрифаково - Штип - Софилари (врска со  )
Р1205 54,4 7 Врска со   - Кратово - Пробиштип - Крупиште (врска со  )
Р1206 61,5 11 Клучка Матка (врска со  ) - Групчин - Тетово - Боговиње - Врапчиште - Гостивар (врска со  )
Р1207 19,3 3 Младо Нагоричане (врска со  ) -   Србија (  ГП „Пелинце“)
Р1208 24,0 1 Охрид (врска со  ) - Подмоље (врска со  ) - Струга - Радожда
Р1209 18,3 2 Тетово (врска со  ) - Попова Шапка
Р1210 19,6 2 Врска со   - Тораница - Македонска Каменица (врска со  )
Р1301 32,7 4 Охрид (врска со  ) - Свети Наум -   Албанија (  ГП „Свети Наум“)
Р1302 84,0 6 Делчево (врска со  ) - Пехчево - Берово - Дабиље (врска со  )
Р1303 66,0 9 Прилеп (врска со  ) - Македонски Брод - Кичево (врска со  )
Р1304 43,6 6 Превалец (врска со  ) - Виница - Митрашинци - Смојмирово (врска со  )
Р1305 67,7 7 Кукуречани (врска со  ) - Демир Хисар - Другово (врска со  )
Р1306 51,1 4 Прилеп (врска со  ) - Кривогаштани - Крушево - Сладуево (врска со  )
Р1307 34,6 5 Ресен (врска со  ) - Царев Двор - Отешево -   Албанија (  ГП „Стење“) и делница Стење - Коњско
Р1308 25,9 6 Макази (врска со  ) Претор -   Грција (  ГП „Маркова Нога“)
Р1309 42,8 5 Зрновци (спој со  ) - Кочани (врска со  ) - Пониква - Злетово - Лесново - Пробиштип (врска со  )
Р1310 66,3 3 Радовиш (врска со  ) - Подареш - Владимирово - Берово (врска со  ) -   Бугарија (  ГП „Клепало“)
Р1311 50,1 5 Битола (врска со  ) - Новаци - Маково - Чаниште - Расимбегов мост (врска со  ) и делница Рапеш - Старавина (врска со  )
Р1312 71,2 5 Врска со   (Каратманово) - Велес - Извор - Прилеп (врска со  )
Р1401 25,7 5 Струмица (врска со  ) - Раброво - Валандово - Балинци - Марвинци (врска со  )
Р1402 32,3 2 Куклиш (врска со  ) - Банско - Ново Коњарево (врска со  )
Р1403 27,4 1 Врска со   - Радовиш - Владиевци - Василево - Струмица (врска со  )

Регионални (класа Р2)

уреди
Регионални патишта од класата Р2
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р2131 14,9 3 Драчево (врска со  ) - Орешани - Таор - Катланово (врска со  )
Р2132 21,4 1 Мост кај Близанско (врска со  ) - Растеш - Калуѓерец (врска со  )
Р2133 20,9 2 Куманово (врска со  ) - Липково - Матејче - Никуштак - врска со  
Р2134 17,3 1 Драчево (врска со  ) - Кисела Вода (Усје) - Сопиште - Говрлево (врска со  )
Р2135 27,3 2 Горно Коњари (врска со  ) - Малино - Преод - Горобинци - Свети Николе (врска со  )
Р2136 12,0 2 ’Ржаничино (врска со  ) - Средно Коњари - Горно Коњари - Винце - Пчиња - Орашац (врска со  )
Р2137 18,5 1 Врска со   - Војшанци - Корешница - Демир Капија (врска со  )
Р2138 10,3 1 Врска   - Сончев Град - Водно - Горно Нерези
Р2231 36,2 2 Гостивар (врска со  ) - Србиново - Туин - Осломеј - врска со  
Р2232 25,6 1 Бучиште (врска со  ) - Злетово - ХЕЦ „Злетовица“ (Кнежевско Ез.)
Р2233 29,4 2 Гостивар (врска со  ) - Чегране - клучка Тетово - запад (врска со Брвеница)
Р2234 33,1 3 Клучка Сарај (врска со  ) - Радуша - Јегуновце - Теарце (врска со  )
Р2235 24,7 2 Маврови Анови (врска со  ) - Маврово - Леуново - Бунец (врска со  )
Р2236 28,6 1 Свети Николе (врска со  ) - Мечкуевци - Пуздерци - Неокази (врска со  )
Р2237 8,0 1 Куманово (врска со  ) - Младо Нагоричане (врска со  )
Р2238 16,3 2 Маврово (врска со  ) - Галичник - Селце - Тресонче - Лазарополе - врска со  )
Р2239 41,2 2 Стенковец (врска со  / ) - Бродец - Танушевци (гр. со   Косово)
Р2240 15,5 2 Врска со   - Вевчани - Октиси - врска со  
Р2241 13,4 2 Врска со   (Глобочица) - Јабланица - граница со   Албанија (  ГП „Лакаица“)
Р2242 13,3 2 Желино (врска со  ) - Јегуновце (врска со  )
Р2243 46,0 4 Струга (врска со  ) - Дрслајца - Долно Татеши - Мислодежда - Локов - Буринец - врска со  
Р2244 16,7 1 Врска со   - Жегљане - Рамно - гр. со   Србија
Р2245 29,2 1 Крива Паланка (врска со  ) - Осиче - Огут - гр. со   Србија
Р2246 34,7 5 Бошков Мост (врска со  ) - Извор (врска со  ) и делница за Гари
Р2247 23,7 2 Павлешенци (врска со  ) - Татомир - Секулица - врска со  
Р2248 20,8 1 Ранковце (врска со  ) - Герман - Нерав
Р2249 21,1 1 Мелнички мост (врска со  ) - Папрадник - Брештани - Селци (врска со  )
Р2250 16,2 1 Крива Паланка (врска со  ) - Добровница - Голема Црцорија - Луке - граница со   Србија
Р2331 17,9 2 Битола (врска со  ) - Нижеполе - Пелистер - Брајчино - Љубојно (врска со  )
Р2332 27,7 1 Врска со   (Царина) - Трпејца (врска со   и  )
Р2333 15,3 2 Битола (врска со  ) - Бистрица - Драгош
Р2334 63,9 5 Штип (врска со  ) - Карбинци - Аргулица - Теранци - Зрновци - Виница (врска со  ) - Јакимово - Калиманци - врска со  
Р2335 46,1 4 Вашарејца (врска со  ) - Бучин - Обршани - Кривогаштани - Ропотово (врска со  )
Р2336 52,3 5 Стари Град (врска со  ) - Богомила - Ропотово (врска со  )
Р2337 35,1 1 Крушево (врска со  ) - Пуста Река - Прострање (врска со  )
Р2338 50,6 4 Меџитлија (врска со  ) - Гермијан - Старавина - Градешница - Бешиште - врска со  
Р2339 26,4 2 Ново Лагово (врска со  ) - Галичани - Обршани - Бучин - Граиште - врска со  
Р2340 31,0 4 Врска со   - Добрушево - Новаци - Бач - врска со  
Р2341 3,4 1 Делчево (врска со  ) - Габрово - гр. со   Бугарија
Р2342 13,0 1 Тркање (врска со  ) - Соколарци - Пишица (врска со  )
Р2343 10,7 1 Делчево (врска со  ) - Голак
Р2344 23,7 1 Врска со   - Чашка - Лисиче - Дреново
Р2345 18,5 2 Врска со   - Бигла - Трсино - врска со  
Р2346 18,5 2 Тработивиште (врска со  ) - Разловци - Митрашинци (врска со  )
Р2347 21,0 4 Кажани (врска со  ) - Лера - Стрежево - Црновец - Лопатица (врска со  )
Р2431 42,4 4 Радовиш (врска со  ) - Плачковица - Аргулица (врска со  )
Р2432 15,6 3 Струмица (врска со  ) - Вељуса - Василево (врска со  )
Р2433 60,8 5 Радовиш (врска со  ) - Конче - Загорци - Лесковица (врска со  ) - Селце - Софилари (врска со  )
Р2434 29,9 3 Врска со   - Рич - врска со  

Регионални (класа Р29)

уреди
Регионални патишта од класата Р29
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р29171 40,3 6 Демир Капија (врска со  ) - Крњево - Конопиште - Мушов Гроб (спој со  )
Р29172 13,2 1 Беловодица (врска со  ) - Дуње (врска со  )
Р29173 20,1 1 Неготино (врска со  ) - Долни Дисан - Бесвица (врска со  )
Р29174 16,2 1 Крњево (спој со  ) - Радња - СЦ „Кожуф“ (спој со  )
Р29175 11,6 1 Могила (врска со  ) - Будаково - врска со  
Р29176 2,0 1 Катланово (врска со  ) - Катлановска Бања
Р29177 4,9 1 Миравци (врска со  ) - Милетково (врска со  )
Р29178 20,3 1 Давидово (врска со  ) - Демир Капија (врска со  )
Р29271 30,7 1 Мождивњак (врска со  ) - Каврак - Мушково - Кратово (врска со  )
Р29272 16,2 1 Опае (врска со  ) - Слупчане - Белановце - Злокуќане - гр. со   Косово
Р29273 25,0 2 Ботун (врска со  ) - Белчишта - Брежани - Железнец - врска со  
Р29274 5,6 1 Шемшево (врска со  ) - Жилче - Лешок (врска со  )
Р29275 14,2 1 Врска со   - Шипковица - гр. со   Косово
Р29277 26,0 1 Врска со   - Клечевце - Бељаковце - Шопско Рударе - Секулица (врска со  )
Р29278 4,0 1 Врска со   - Неготино (Полошко)
Р29279 4,4 1 Здуње (врска со  ) - Вруток
Р29280 4,0 1 Врска со   - Могорче
Р29281 5,7 1 Врска со   - Опила - врска со  
Р29371 15,0 1 Врска со   - Кривени - Слоештица - врска со  
Р29372 8,5 1 Врска со   - Ротино - Детско одморалиште - Бегова Чешма (Пелистер)
Р29374 7,9 1 Варош (врска со  ) - Манастир „Св Богородица“ (Трескавец)
Р29375 7,3 1 Костинци (врска со  ) - Манастир „Св Преображение“ (Зрзе)
Р29376 7,2 1 Врска со   - Манастир „Св. Ѓорѓија“ (Курбиново) - Манастир „Св. Богородица“ - врска со  
Р29471 11,2 1 Подареш (врска со  ) - Јаргулица - Покрајчево - Злеово - Радичево (врска со  )

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди