Тркање (село)
Тркање — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Тркање | |
Координати 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° N; 22.36222° EКоординати: 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° N; 22.36222° E | |
Општина | Кочани |
Население | 1225 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2300 |
Шифра на КО | 13041 |
Надм. вис. | 348 м |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Штип-Кочани, на околу 5 километри од градот Кочани. Низ селото поминува Трканска Река која извира од јужната страна на Осогово.[1]
ИсториjaУреди
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Тркање живееле 680 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тркање имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото има 1.225 жители, од кои 1.224 Македонци и 1 Србин.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 680[2] | 680[3] | 841 | 931 | 1.065 | 1.060 | 1.161 | 1.206 | 1.243 | 1.225 |
РодовиУреди
Тркање е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Пуќовци (16 к.), Тацковци (14 к.), Ташковци или Поповци (8 к.), Гаџовци (6 к.), Молецовци (8 к.), Пендовци (6 к.), Ѓауровци (5 к.), Буријарци (5 к.), Бодушовци (4 к.), Мусовци (2 к.), Голубовци (7 к.), Рендевци (5 к.), Газарци (5 к.), Деповци (4 к.), Гицовци (4 к.), Пржовци (2 к.), Посателци (6 к.), Рогушеви (6 к.), Златанови (3 к.) и Самантелци (2 к.) за овие родови не се знае дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.
- Рунтевци (6 к.) доселени се од сега раселеното село Десовица над селото Бања.
- Бунишовци (6 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.[6]
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 874 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 929 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
ЦрквиУреди
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена е во 1830 г
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква изградена во 1975 г.
- Црква „Св. Димитриј“
- Црква „Св. Петка“[9]
СпоменициУреди
- Споменик на Никола Карев во близина на селото[10]
Археолошки наоѓалиштаУреди
- Главовец — населба од неолитско време
- Горна Црква — некропола од доцноантичко време
- Господница — населба од доцноантичко време
- Селиште — населба од доцноантичко време
- Страгата — некропола од доцноантичко време
- Трлиште — населба од доцноантичко време
НаводиУреди
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 73. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Црква „Св. Петка“ во Тркање — Брегалничка епархија
- ↑ „Првпат доаѓам на местото на погибијата на дедо ми Никола Карев“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 11.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |