Јавно претпријатие за државни патишта
јавно претпријатие за одржување на државните патишта во Македонија
Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е одговорно за планирање, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните јавни патишта, како и наплата на патарина.
Порано |
|
---|---|
Вид | јавна |
Основано | 2012 |
Седиште | Скопје, Македонија |
Клучни личности | Коце Трајановски (директор) |
Доход | 66,5 милиони €[1] (2024) |
Вработени | 355[2] (2022) |
Мреж. место | www.roads.org.mk |
Државен пат е јавен пат категоризиран како: автопат, експресен пат, магистрален пат и регионален пат од прва и втора категорија.
Надлежности
уредиЈПДП ги врши следниве работи:
- Управување со државните патишта,
- предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта;
- постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
- преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
- вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
- наплата на надоместоците за користење на јавните патишта
- задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
- организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
- давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
- предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно – приватно партнерство;
- издавање одобренија, одобрувања и мислења во согласност со Законот за јавните патишта
- организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
- применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS);
- поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.
Наводи
уреди- ↑ Јавното претпријатие државни патишта во 2024 остварило приход од над 66.5 милиони евра од наплата на патарините
- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.