Отвори го главното мени

Бигорски манастир

манастир на МПЦ-ОА

Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител) — манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.[1]

Бигорски манастир
Бигорский монастырь.jpg
Поглед на манастирот

Печат на Бигорскиот манастир
Основни податоци
МестоМакедонија Ростуше, Македонија
Координати41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459000° СГШ; 20.608239000° ИГД / 41.619459000; 20.608239000Координати: 41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459000° СГШ; 20.608239000° ИГД / 41.619459000; 20.608239000
ПрипадностПравославие
ЕпархијаДебар
Осветен1020
ВодствоДебарско-кичевска епархија
Мреж. местоhttp://bigorski.mk/
Архитектонски опис
ЗавршенXVIII век
Поглед на дел од манастирот оздола

ИсторијаУреди

 
Манастирот во почетокот на XX век
 
Верници во манастирот во почетокот на XX век

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.[1]

Цркви[2]
Параклиси
Конаци

Општи информацииУреди

Монашко братствоУреди

Монашкиот живот во манастирот е обновен во 1995 година, со доаѓањето на сегашниот игумен Архимандрит Партениј. Денес братството брои околу 25 монаси, кои живеат според општежителните правила на Света Гора Атонска.

ПразнувањаУреди

Главниот празник на манастирот, манастирската слава, е Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, на 29 август по стар стил, односно 11 септември по нов стил. Помали слави се Раѓањето на свети Јован Крстител, на 23 јуни/7 јули и Споменот на чудото на пресвета Богородица со иконата „Достојно е“, на 11/24 јуни. Освен тоа, торжествено се слават и празниците Успение на Пресвета Богородица на 15/28 август, именденот на игуменот Архимандрит Партениј, на 07/20 февруари, а особено торжествено се празнува Воскресението и Рождеството Христово.

ИконостасУреди

Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле занаетчиските раце на Петре Филипов-Гарката од селото Гари, заедно со брат му Марко Филипов, Макариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип, од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.[1]

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на свети Јован Крстител и Пресвета Богородица.[1]

Икона на Свети Јован КрстителУреди

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во XVI век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот, а иконата мистериозно исчезнала за потоа, уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека лотретата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. [1]

ЛегендаУреди

Според легендата, некој бег од Албанија во текот на XVIвек дошол во манастирот на поклонение. Наредната година тој добил син и сиот свој имот му го подарил на Свети Јован. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска месните жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.

Светите моштиУреди

Во наосот на големиот кивот, изработен во 1834 година по нарачка на игуменот Арсениј, има делови од моштите на:

Моштите биле донесени од Цариград, од страна на Хаџи Наќе од Белчица, во 1820. Во кивотот, исто така, е вградена честичка од чесниот крст, донесена во 2000 година.

Во олтарот се чуваат моштите на:

Манастирски комплексУреди

Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од XII век, XIII век и XIX век. Галеријата започнала со икони од првата половина на XVII век, и се проследени со Христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.

Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на Св. Климент Охридски, Св. Наум, Св. Јован Владимир, Свв. Кирил и Методиј, Св. цар Борис и Св. цар Иван Шишман Бугарски.[3] Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската окупација на Македонија 1913-1941 година.[4]

Во манастирот Бигорски има остатоци од црквата што потекнува од XVI век, односно од XVII век и XVII век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од XVI век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

ЗанимливостиУреди

Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.

Пожарот во манастиротУреди

На 30 септември 2009 година, во манастирскиот комплекс избувнал пожар при што целосно изгорел стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.[5]

БиблиотекаУреди

Манастирот е дом на бројни значајни македонски средновековни црковни текстови, како што се:

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Манстир Јован Бигорски
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  3. Иванов, Йордан, „Български старини из Македония“, 1908, 1931 (фототипно изд. С., 1970, .djvu формат), стр.85
  4. Терзиев, Светослав, „В Македония по дирите на научното разузнаване“, в. „Сега“, 09.9.2006 г. [1]
  5. Извештај од А1: Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

Надворешни врскиУреди