Автопат А4 (Македонија)
Автопатот А4 („Гоце Делчев“) е 47 километарска делница од Миладиновци до Штип. Автопатот е дел од подолгиот национален пат А4, кој ги поврзува ГП Блаце и градот Скопје со Струмица и ГП Ново Село. Од Штип продолжува како експресен пат до Радовиш, кој може во иднина да се надогради, додека 13 километарската делница од скопската обиколница до ГП Блаце е во фаза на изградба. Има најави за идно автопатно поврзување и меѓу Струмица и ГП Ново Село.