ЖС „Овче Поле“
железничка станица кај Амзабегово, Светиниколско
Железничката станица „Овче Поле“ — железничка станица на железничката линија Велес-Кочани во селото Амзабегово, во средишниот дел на Македонија. На неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Кочани. Станицата поседува три колосеци.
ЖС „Овче Поле“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица | |
Општи информации | |
Место | Амзабегово Општина Свети Николе Македонија |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Велес — Кочани |
Перони | 1 |
Колосеци | 3 |
Објект | |
Пристап за инвалиди | no |
Архитект | Петар Гачиќ |
Историја | |
Отворена | 1924 |
Сообраќај | |
Патници (2010) | 3.000[1] |
Местоположба
уредиЖелезничката станица се наоѓа недалеку од селото Амзабегово, Светиниколско, на 10 километри јужно од градот Свети Николе.
Историја
уредиНејзината изградба започнала во 1923 година под водство на архитектот Петар Гачиќ, а пуштена е во употреба во 1924 година.
Станицата првично имала богати фасадни украси кои денес се отсутни поради несоодветната обнова по нејзиното уништување во Втората светска војна.
Галерија
уреди-
Поглед на станицата
-
Предниот дел
-
Влезот
-
Станицата со колосеците
Наводи
уреди- ↑ Транспорт и други услуги, 2010 (PDF). Државен завод за статистика на Република Македонија. 2011. стр. 17. ISBN 9786082270463.
Надворешни врски
уреди- ЖС „Овче Поле“ на Ризницата ?
- Железничка станица „Овче Поле“[мртва врска] — Македонски железници
- ЖС Овчеполе на портал за Овчеполието
41°48′19.38″N 22°00′33.39″E / 41.8053833° СГШ; 22.0092750° ИГД