Пониква

туристички центар на Осоговските Планини

Пониква — туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.[1] Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква зазема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Предел од Пониква
Викендички во Пониква
Мотелот „Изгрев“
Црквата „Св. Василиј Велики“

Туризам

уреди

Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на месноста Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени сè повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни места за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв (Султан Тепе - 1085 м).

Цркви

Природни богатства

уреди

Како посебна туристичка атракција, за љубителите на ловот, во непосредна близина на спортско-рекреативниот центар Пониква, се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи, како и сместување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пониква“. Архивирано од изворникот на 2010-12-08. Посетено на 2011-03-21.
  2. Собор на манастирот Св. Василиј Велики на Пониква по повод денот на осветувањето. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-09-01.

Надворешни врски

уреди