Регионален пат 2432
регионален пат во Македонија
Регионален пат 2432 (ознака: Р2432) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 15,6 километри и 3 делници. Патот започнува во градот Струмица и се движи низ Струмичкото Поле преку селото Вељуса, завршувајќи кај селото Василево.[1]
Регионален пат 2432 | |
---|---|
Протегање на регионалниот пат | |
Информации за правецот | |
Должина: | 15,6 км |
Поважни клучки | |
Од: | Струмица |
До: | Василево |
Местоположба | |
Општини: | Струмица, Василево |
Патна мрежа | |
Патишта во Македонија |
Делници
уредиРегионалниот пат 2432 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 3 делници.
Делница | Почеток | Крај | Потег (км) |
---|---|---|---|
— | врска со | 0,0 | |
1625 | Струмица (Силоси) | Вељуса (Ангелци) | 0,0 - 9,3 |
1626 | Вељуса (Ангелци) | Градошорци | 9,3 - 14,7 |
— | врска со | 14,7 |
Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1627 до самото село Вељуса во должина од 922 метри, со што вкупната должина на Р2432 е 15,6 километри.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-02-13.
Надворешни врски
уреди- Регионален пат 2432 на пребарувачот на патишта на ЈПДП (во мени)