Регионален пат 1202
регионален пат во Македонија
Регионален пат 1202 (ознака: Р1202) — регионален пат во Македонија, со насока на движење најпрвин исток-запад, а подоцна север-југ. Има вкупна должина од 61,7 километри и 10 делници. Патот започнува кај селото Ново Село и се движи преку Маврови Анови и Дебар до границата со Албанија до граничниот премин Блато.[1]
Регионален пат 1202 | |
---|---|
Протегање на регионалниот пат | |
Информации за правецот | |
Должина: | 61,7 км |
Поважни клучки | |
Од: | Ново Село |
До: | Албанија ( ГП „Блато“) |
Местоположба | |
Општини: | Маврово и Ростуше, Дебар |
Патна мрежа | |
Патишта во Македонија |
Во овој пат влегува и кракот до Бигорскиот манастир.
Делници
уредиРегионалниот пат 1202 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 10 различни делници.
Делница | Почеток | Крај | Потег (км) |
---|---|---|---|
— | врска со | 0,0 | |
1288 | Ново Село (Церово) | Бунец | 0,0 - 5,4 |
1289 | Бунец | Маврови Анови | 5,4 - 11,9 |
1290 | Маврови Анови | Бигорски манастир | 11,9 - 35,5 |
1291 | Бигорски манастир | Ростуше (Аџиевци) | 35,5 - 37,3 |
1292 | Ростуше (Аџиевци) | Бошков мост | 37,3 - 45,4 |
1293 | Бошков мост | Мелнички мост | 45,4 - 50,4 |
1294 | Мелнички мост | Дебар | 50,4 - 54,8 |
1295 | Дебар | Кривци | 54,8 - 58,6 |
1296 | Кривци | граница со Албанија | 58,6 - 60,9 |
— | Албанија ( ГП „Блато“) | 60,9 |
Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1297 до Бигорскиот манастир во должина од 802 метри, со што вкупната должина на Р1202 е 61,7 километри.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-02.
Надворешни врски
уреди- Регионален пат 1202 на пребарувачот на патишта на ЈПДП (во мени)