Регионален пат 1307
регионален пат во Ресенско, југозападна Македонија
Регионален пат 1307 (ознака: Р1307) — регионален пат во Македонија, кој целосно се протега во Општина Ресен, од кои половината долж брегот на Преспанското Езеро. Има правец на протегање север-југозапад и вкупна должина од 34,6 км сочинета од 5 делници. Го поврзува градот Ресен со граничниот премин „Стење“ кон Албанија, па преоѓа во патот SH79 низ Општина Пустец.[1]
Регионален пат 1307 | |
---|---|
Протегање на регионалниот пат | |
Информации за правецот | |
Должина: | 34,6 км |
Поважни клучки | |
Од: | Ресен |
До: | Албанија ( ГП „Стење“) |
Местоположба | |
Општини: | Ресен |
Патна мрежа | |
Патишта во Македонија |
Делници
уредиРегионалниот пат 1307 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 5 различни делници.
Делница | Почеток | Крај | Потег (км) |
---|---|---|---|
— | врска со | 0,0 | |
1376 | Ресен | Царев Двор | 0,0 - 4,9 |
1377 | Царев Двор | Царина | 4,9 - 19,4 |
1378 | Царина | Стење | 19,4 - 21,3 |
1379 | Стење | Албанија ( ГП „Стење“) | 21,3 - 24,6 |
— | Албанија ( ГП „Стење“) | 34,6 |
Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1380 од Стење до Коњско во должина од 10.011 метри, со што вкупната должина на Р1307 е 34,6 километри.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-10.
Надворешни врски
уреди- Регионален пат 1307 на пребарувачот на патишта на ЈПДП (во мени)