Варвара (Скопско)
Варвара — историско село во Општина Сопиште, во околината на град Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители. Сместено е во најјужниот дел на атарот на с. Ракотинци, на околу 4,5 км јужно од него по најкусиот пат.
Варвара | |
Поглед на дел од селото Варвара | |
Координати 41°54′56″N 21°31′50″E / 41.91556°N 21.53056°E | |
Општина | Сопиште |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 410 м |
![]() |
Географија и местоположба
уредиВарвара се наоѓа веднаш на левиот брег на Маркова Река во нејзината алувијална рамнина, на регионалниот автомобилски пат кој води од Драчево кон Марковиот Манастир и езерото Козјак во Порече (Р1106). Селото е рамничарско во подножјето на планината Китка. Во непосредна близина на селото се наоѓаат селата Маркова Сушица и Добри Дол. Во селото постојат голем број на викенд-куќи на жители од градот Скопје.
Историја
уредиПодрачјето на Варвара е населено уште од железното време, за што сведочи некрополата Пржали на околу 500 м источно од селото.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.[3]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).[4]
Во XIX век селото Варвара било чифлиг на скопскиот митрополит. Во втората половина на истиот век македонското население од селото било насилно почифлигувано од албанскиот насилник Касам-ќаја од село Гургурница, кој почнал да населува Албанци во селото. По зачестените комитски акции, Касам-ќаја и албанското население се повлекле, а македонското население со помош на селаните од Ракотинци и Добри Дол си ја откупиле земјата.
Демографија
уредиСелото е иселено и нема жители.
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 367. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Варвара на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |