Отвори го главното мени
Игри на XXVIII Олимпијада
Игри на XXVIII Олимпијада
Древна грчка традиција е сите победници
на олимписките игри да се крунисуваат со
маслинови гранчиња. Боите на амблемот
потекнуваат од боите на грчкото знаме
Град домаќин Атина, Грција
Број на држави 202
Број на спортисти 10.625 (приближно)
Број на спортови 28
Број на натпревари 301
Отворање 13 август 2004
Затворање 29 август 2004
Стадион Олимписки Стадион - Атина

Летните Олимписки Игри во 2004 година, беа одржани во главниот град на Грција, Атина, домот на модерните олимписки игри. Градот беше избран за домаќин на игрите од страна на МОК, во конкуренција со Рим, Кејптаун, Стокхолм и Буенос Ариес. Отворањето на манифестацијата беше на 13 август , а затворањето на 29 август. На оваа Олимпијада учествуваа 202 држави од целиот свет, и 5 501 тимови. Исто така спортистите освоија 301 медал, од 28 различни спортови.

Освоени медалиУреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 36 39 27 102
2   Кина 32 17 14 63
3   Русија 27 27 38 92
4   Австралија 17 16 16 49
5   Јапонија 16 9 12 37
6   Германија 13 16 20 49
7  Франција 11 9 13 33
8   Италија 10 11 11 32
9   Јужна Кореја 9 12 9 30
10   Велика Британија 9 9 12 30