Скокови во вода
Скокови во вода претставува спорт во кој спортистот од платформа скока во вода, при што презентира акробатски гимнастички елементи во текот на скокот. Скоковите во вода претставуваат олимписки спорт, кој на програмата на Олимписките игри се наоѓа од 1904 година. Од 1973 година во организација на ФИНА се одржуваат светски првенства во скокови во вода како дел од Светските првенства во водени спортови.