Саудиска Арабија на Олимписките игри

Саудиска Арабија — земја учесничка на осум Летни олимписки игри. Тие за првпат учествувале во Летните олимписки игри во 1972 во Минхен, Западна Германија. Тие никогаш се немаат натпреварувано на Зимски олимписки игри.

Саудиска Арабија на Олимписките игри

Знаме на Саудиска Арабија
МОК-код  KSA
НОК Олимписки комитет на Саудиска Арабија
Порталwww.saudiolympic.org.sa (арапски) (англиски)
Олимписка историја
Летни олимпијади

Проблемот со женските натпреварувачкиУреди

 
Војдан Шакеркани е првата жена натпреварувач од Саудиска Арабија која се натпреварувала во било која дисциплина на една Олимпијада, на Летните олимписки игри 2012, во џудо

Правниот систем во Саудиска Арабија за жените, гласеше дека имаат забрана за учество на Олимписки игри.[1] Сепак, по притисокот од Меѓународниот олимписки комитет, амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон објави дека Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија одлучи да испрати атлетичарки во јуни на Летните олимписки игри 2012.[2][3]

Имаше повик за Саудиска Арабија да им се забрани учеството на Олимпијада се додека не се повлече забраната на жените учеснички Анита де Франц, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет и Комисијата за спорт, во 2010.[4] Во 2008, Али Ал Ахмед, директорот на Институтот за Заливските прашања, исто така имаше повик кон Саудиска Арабија да им се забрани учество на игрите, поради тоа што, нивната забрана за жените да учествуваат на игрите е кршење на правилата на Меѓународниот олимписки комитет. Било изјавено дека половата дискриминација не треба да биде прифатлива на ист начин како и расната дискриминација, при што изјави: „Во последните 15 години, повеќето меѓународни невладини организации ширум светот се обидуваа да лобираат до МОК за подобро спроведување на законите за спречување на половата дискриминација. Додека неговите напори придонеле за зголемување на бројот на учеснички, МОК биле неодлучни да заземат силен став и да се заканат на земјите што ги дискриминираат учесничките при што истите би им забраниле учество на игрите."[5]

Далма Ружди Малхас се има натпреварувано на Олимпијадата за младинци во 2010 година во Сингапур и го освои бронзениот медал во коњички спорт (види Саудиска Арабија на Младинските летни олимписки игри вп 2010 година).

Саудиска Арабија се согласила на 12 јули 2012 година, да прати две жени да учествуваат, на Летните олимписки игри во 2012 Лондон. Двете жени спортисти беа Војдан Шахеркани во џудо и атлетичарката на 800 метри Сара Атар.[6] Пред јуни 2012 година, Саудиска Арабија забранување жени спортистки да се натпреваруваат на Олимписки игри.[7] Игрите од 2012 година се првите игри во олимписката историја каде секоја земја учесничка имала натпреварувачки.[8]

Список на медалистиУреди

Медал Име Игри Спорт Настан
  Сребрен Хади Ал Сомали   Сиднеј 2000   Атлетика 400 метри со пречки за мажи
  Бронзен Халед Ал Аид   2000 Sydney   Коњички спорт Поединчено скокање пречки
  Бронзен Ремзи Ал Духами
Абдула Ал Сауд
Камал Бахамдан
Абдулах Шарбатли
  Лондон 2012   Коњички спорт Екипно скокање

Медали по спортовиУреди

Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
  Атлетика 0 1 0 1
  Коњички спорт 0 0 2 2
Вкупно 0 1 2 3

НаводиУреди

  1. "Rice hopes Saudi women will soon compete in Olympics", AFP, August 17, 2008
  2. "Saudi women vie for Olympic rights", BBC, June 13, 2008
  3. Gardner, Frank (24 June 2012). "London 2012 Olympics: Saudis allow women to compete". BBC News. Посетено на 24 June 2012.
  4. „Катар одлучи да прати жена атлетичар на олимписките игри во Лондон 2012, за да го зголеми притисокот врз Саудиска Арабија“, во внатрешноста на играта, 1. Јули, 2010
  5. "Bar countries that ban women athletes", Ali Al-Ahmed, New York Times, May 19, 2008
  6. "Saudis to send two women to London Olympics". My FOX NY.com. Посетено на 13 July 2012.
  7. Gardner, Frank. "London 2012 Olympics: Саудијците дозволуваат жените да се натпреваруваат". BBC News. Посетено на 13 July 2012.
  8. "Saudis to send two women to London, make history". SI.com. Посетено на 13 July 2012.