Волос
Волос (грчки: Βόλος) — главен град на округот Магнезија од областа Тесалија, што е вториот град по големина и значење, веднаш по седиштето — Лариса.
Волос Βόλος | |
---|---|
Ноќен поглед на Волос | |
Местоположба во областа 2011 Dimos Volou.png | |
Координати: 39°22′N 22°56′E / 39.367° СГШ; 22.933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Магнезија |
Населби | 18 |
Управа | |
• Градоначалник | Ахилеас Беос (од 2014) |
Површина | |
• Општина | 387,1 км2 (1,495 ми2) |
• Општ. един. | 27,678 км2 (10,687 ми2) |
Најг. вис. | 5 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 144.449 |
• Општ. густина | 37/км2 (97/ми2) |
• Општ. един. | 118.707 |
• Општ. един. густина | 4,3/км2 (11/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 38x xx |
Повик. бр. | 24210 |
Рег. таб. | ΒΟx |
Мреж. место | volos-city.gr |
Име
уредиСпоред пишувањата на византиски историчар во 14 век градот го носи словенското име Голош во смисла на „голо“ или „пусто“ место.
Природни услови
уредиВолос се наоѓа во централниот дел на Грција, покрај најважниот национален пат Атина - Солун (од кој е одвоен 10 км). Од градот Атина е 326 км, и 215 км од Солун. Градот е во центарот на округот. Се наоѓа во истоимената мала рамнина на врвот на Пагасетичкиот Залив. Над градот се издигаат планините Пилио и Мавровуни. Климата во Волос е средоземна, со карактеристични жешки лета и благи зими со редок снег.
Историја
уредиНајстарите археолошки наоди од подрачјето на Волос покажуваат дека оваа област била населена во праисториско време, со што подрачјето на градот е многу важно. Западно од градот се остатоците од најстариот Акропол во Грција, Сескло, подигнат 6000 година п.н.е., со што праисториската неолитска култура на територијата на Грција се нарекува Сескло и Димини.
На 6 век п.н.е. оваа област е вклучена во цивилизациските текови. Во 344 година областа потпадна под власта на Античка Македонија, а во 196 година беше под староримско владеење.
Во средниот век, градот беше најдолго под Византија, накратко под Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под Турците Волос останува следните четири века. Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, месното муслиманско население масовно се иселува, а последните иселувања биле после турско-грчката војна 1897-1898 година. По грчко-турската војна, многу грчки бегалци од Мала Азија се населиле во и околу градот. Во 1955 година градот бил погоден од земјотрес, за потоа да биде изграден на модерен начин.
Население
уредиОпштина Волос има 82.439 жители, и е меѓу 10-те најголеми градови на Грција. Населението се главно етнички Грци.
Меѓународни односи
уредиГрадот Волос отсекогаш имал голема улога во финансиските, економските, комерцијалните и административните работи во регионот Тесалија и Централна Грција, поради стратешката позиција на пристаништето, единствено помеѓу Атина и Солун.
Конзулати
уредиНеколку европски држави имаат отворено конзулат во Волос како:
Збратимени градови
уреди- - Антофагаста, Чиле
- - Батуми, Грузија[2]
- - Ле Ман, Франција[3]
- - Плевен, Бугарија
- - Ростов на Дон, Русија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Batumi - Twin Towns & Sister Cities“. Batumi City Hall. Архивирано од изворникот 2012-05-04. Посетено на 2013-08-10.
- ↑ „Twinnings“ (PDF). Central Union of Municipalities & Communities of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-30. Посетено на 2013-08-25.