Знаме на корејското обединување
Знаме на корејското обединување — знаме коешто има за цел да ја претставува цела Кореја кога Северна и Јужна Кореја настапуваат на спортски натпревари како еден тим. Позадината на знамето е бела, а во средишниот дел има светлосина слика на Корејскиот Полуостров, вклучувајќи го и островот Чеџу на југозапад, како и островот Уљиндо и Лианкур на исток. Сепак, на знамето за време на Зимските олимписки игри 2018, островите Уљиндо и Лианкур не биле вклучени.[1][2][3] Знамето нема статус на државно знаме во ниту една од двете Кореи.
Сразмер | 2:3 |
---|---|
Усвоено | 1991 |
Опис | Слика на Корејскиот Полуостров во светлосина боја, вклучувајќи го островот Лианкур, на бела позадина |
Варијанти
уреди-
Корејскиот Полуостров со Чеџу
-
Корејскиот Полуостров со Чеџу и Уљиндо
-
Корејскиот Полуостров со Чеџу, Уљиндо и Лианкур
Употреба
уредиНастан | Место | Чеџу | Уљиндо | Лианкур |
---|---|---|---|---|
Азиски игри 1990 | Пекинг, НР Кина | |||
Светско првенство во пинг-понг 1991 | Чиба, Јапонија | |||
Светско младинско првенство во фудбал 1991 | Португалија | |||
Азиски игри 2002 | Бусан, Јужна Кореја | |||
Азиски зимски игри 2003 | Аомори, Јапонија | |||
Зимски олимписки игри 2018 | Пјонгчанг, Јужна Кореја |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „한반도기, 화합과 평화의 상징 맞나?“ [Is the Korean Peninsula flag the harmony and the symbol of peace?]. BBC. 23 January 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „Olympic Korean Peninsula Declaration“ (PDF). International Olympic Committee. 20 January 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Annex B: Korean Unification Flag“ (PDF). International Olympic Committee. 20 January 2018.
Надворешни врски
уреди„Знаме на корејското обединување“ на Ризницата ? |
- North & South Korea, Sydney 2000 Архивирано на 6 февруари 2012 г. (англиски)
- Relationship between South and North Korea in 1990s (англиски)
- North, South Agree to Add Dokdo to the Korean Unification Flag Архивирано на 12 октомври 2004 г. (англиски)
- Korean Unification Studies (англиски)