Грчка азбука
Грчката азбука (грчки: Ελληνικό αλφάβητο Ellenikó alphabeto) е збир од дваесет и четири букви кои се користат за пишување на грчкиот јазик уште од деветтиот век пред нашата ера. Таа е првата азбука која во тесна смисла, како систем за пишување, користи посебен симбол за секоја согласка и самогласка.[1] Таа е најстарото азбучно писмо во континуирана употреба и до денес. Буквите исто така се користат и за прикажување на грчки цифри, почнувајќи од 2 век пр.н.е.
Оваа статија содржи специјални знаци. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи. |
Грчката азбука е потомок на феникиската азбука и е основа за многу други азбуки во Европа и во Блискиот Исток, вклучувајќи ја и латиницата.[1] Во додаток на тоа што се користи за пишување на грчкиот јазик, нејзините букви се користат и како симболи во математиката и науката, за имињата на честички, имиња на ѕвезди, во имињата на клубови на братства и сестринства, во именувањето на тропски циклони и за други намени.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Коулмас, Флоријан (1996). Блаквел енциклопедија на пишани системи (The Blackwell Encyclopedia of Writing Systems). Оксфорд: Blackwell Publishers Ltd. ISBN 0-631-21481-X.