Зимбабве на Олимписките игри

Зимбабве првпат учествувал на Олимписки игри под сегашното име во 1980 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на сите изданија на Летните олимписки игри. Претходно, земјата настапувала на игрите по името Родезија во 1928, 1960 и 1964 година. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Зимбабве за првпат настапил на Зимски олимписки игри.

Зимбабве на Олимписките игри

Знаме на Зимбабве
МОК-код  ZIM
НОК Олимписки комитет на Зимбабве
Порталwww.zoc.co.zw
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
* Како Родезија

Спортистите на Зимбабве освоиле вклупно осум олимписки медали – три златни, четири сребрени и еден бронзен медал – во два спорта. Седум од медалите ги освоила пливачката Кирсти Ковентри во 2004 и 2008; а останатиот медал бил резултат на изненадувачката победа на репрезентацијата на Зимбабве во хокеј на трева на игрите во 1980 година.

Националниот олимписки комитет на Зимбабве е основан во 1934 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1980 година.

Табела на медали

уреди

Медали на Летни олимписки игри

уреди
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
  Амстердам 1928 2 0 0 0 0 -
1932–1956 не учествувале
  Рим 1960 14 0 0 0 0 -
  Токио 1964 29 0 0 0 0 -
  Мексико 1968 не учествувале
  Минхен 1972
  Монтреал 1976
  Москва 1980 42 1 0 0 1 23
  Лос Анџелес 1984 15 0 0 0 0 -
  Сеул 1988 29 0 0 0 0 -
  Барселона 1992 19 0 0 0 0 -
  Атланта 1996 13 0 0 0 0 -
  Сиднеј 2000 16 0 0 0 0 -
  Атина 2004 12 1 1 1 3 49
  Пекинг 2008 13 1 3 0 4 38
  Лондон 2012 7 0 0 0 0 -
Вкупно 3 4 1 8 70

Медали на Зимски олимписки игри

уреди
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
  Сочи 2014 1 0 0 0 0 -
Вкупно 0 0 0 0 -

Медали по спорт

уреди
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
  Пливање 2 4 1 7
  Хокеј на трева 1 0 0 1
Вкупно 3 4 1 8

Освојувачи на медали

уреди
Медал Натпреварувач Игри Спорт Дисциплина
  Златен Хокеј на трева тим   Москва 1980   Хокеј на трева женска конкуренција
  Златен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Атина 2004   Пливање 200м грбно
  Златен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Пекинг 2008   Пливање 200м грбно
  Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Атина 2004   Пливање 100м грбно
  Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Пекинг 2008   Пливање 400м мешано
  Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Пекинг 2008   Пливање 100м грбно
  Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Пекинг 2008   Пливање 200м мешано
  Бронзен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри   Атина 2004   Пливање 200м мешано

Историја

уреди

Јужна Родезија (сега Зимбабве) првично настапила како Родезија на Летните олимписки игри 1928 во Амстердам. Родезија потоа била отсутна од игрите сè до 1960 година кога Федерацијата на Родезија и Њасаленд се натпреварувала под името Родезија на Летните олимписки игри 1960 во Рим. Јужна Родезија потоа повторно настапила под името Родезија на следните олимписки игри во Токио.[1] Земјата на тој начин секогаш се натпреварувала како британска територија. Земјата немала можност да настапи на игрите во 1968 во Мексико, поради толкувањата на мексиканската влада на прописите на пасошите.[2] По декларацијата за независност на Ијан Смит за независна Родезија во 1970 година, државата повеќе не настапила на олимписки игри. Иако се вратила да се натпреварува на игрите во 1972 во Минхен, Родезија била отстранета од Меѓународниот олимписки комитет четири дена пред церемонијата на отворање на игрите, под притисок на другите африкански држави, кои не ја признавале легитимноста на родезиската држава и се заканиле со бојкот на игрите. Наследникот на државата, Зимбабве, своето олимписко деби го остварил на игрите во 1980 во Москва.

Родезија никогаш не учествувала на Зимски олимписки игри, и ниту еден родезиски натпреварувач не освоил олимписки медал.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • „Results and Medalists“. Olympic.org. International Olympic Committee. Посетено на 18 February 2014.
  • „Zimbabwe Olympic Committee“. Olympic.org. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 18 February 2014.
  1. „Official Olympic reports“. Архивирано од изворникот на 2007-06-12. Посетено на 2015-11-11.
  2. "1972: Rhodesia out of Olympics", ББС
  3. Official website of the Olympic movement