Современ петобој
Современиот петобој е спортско натпреварување кое вклучува пет спорта: стрелаштво, мечување, 200 м пливање слободен стил, коњичко скокање, и 3 км крос-кантри трчање.[1] Спортот е раководен од страна на Меѓународната унија за современ петобој.[1]
Историја
уредиСовремениот петобој е измислен од страна на баронот Пјер де Кубертен, основачот на модерните олимписки игри.[1] Името доаѓа од стариот грчки петобој (penta- „пет“ и -athlon „натпревар“).[1] Современиот петобој се разликува од изворниот древен петобој, кој содржел трчање, борење, скок во далечина, фрлање копје, и диск. Како што дисциплините од античкиот петобој биле моделирани по вештините што треба да ги поседува идеалниот војник од тоа време, Кубертен го измислил спортот заснован на идеалниот војник од коњичка единица, кој против непријателите мора да јава по непознат терен, да се бори со меч и пиштол и да трча и да плива.[1]
Современиот петобој на олимписките игри првпат бил вклучен во програмата на Летните олимписки игри 1912, и од тогаш е во програмата на игрите. На игрите во 1952 била додадена екипна категорија, која бил исклучена од прграмата на Летните олимписки игри 1992. На Летните олимписки игри 2000 бил воведен современиот петобој во женска конкуренција.[1] Од 1949 година, се одржува Светското првенство во современ петобој.
Обично натпреварите во современ петобој траат четири до пет дена; сепак на Летните олимписки игри 1996 современиот петобој се одржал во еден ден, за да се доближи повеќе до публиката.[1] Најпрво се планирало исклучување на современиот петобој од програмата на олимписките игри поради слабата популарност на спортот во Источна Европа; но сепак, на гласањето од МОК на 8 јули 2005 година, спортот сигурно ќе биде дел од Летните олимписки игри 2012.
Формат
уредиОсвен кај мечувањето, натпреварувачите не се натпреваруваат еден против друг во останатите дисциплини. Па така, подобриот краен пласман носи повеќе бодови; бодовите од сите дисциплини се комбинираат и го даваат вкупниот број на бодови. Оваа процедура е слична на процедурата од десетобојот.
Како и да е, била претставена иновација која финалето на современиот петобој го прави повозбудливо. Последната дисциплина е крос-кантри трчање. Натпреварувачите се рангирани според резултатот од останатите четири дисциплини и секој натпреварувач има различно почетно време, а првопласираниот прв почнува да трча, потоа стартуваат другите во сооднос со нивниот резултат. Тој што ќе заврши прв на крос кантри трчањето е победник и на современиот петобој.
Во мечувачката дисциплина се користи мечот. Во натпреварувањето сите натпреварувачи се натпреваруваат по еднаш еден против друг. Секој натпревар трае по една минута; првиот натпреварувач што ќе постигне удар веднаш победува. Доколку во рокот од една минута никој не победи, двајцата натпреварувачи губат.
Пливачката дисциплина е трка на 200 м слободен стил. До 2000, должината на трката била 300 м..[2]
Јавачката дисциплина содржи коњичко скокање на патека со должина од 350–450 м со од 12 до 15 пречки. На натпреварувачите по пат на ждреб им се доделува коњ, непосредно пред почетокот на дисциплината.
Стрелашката дисциплина вклучува воздушна пушка со калибар од 4.5 мм , на оддалеченост од 10 метри во стоечка позиција. Секој натпреварувач има располагање од 20 истрели, со ограничено време од 40 секунди момеѓу секој истрел.
Тркачката дисциплина вклучува крос-кантри трка од 3 км. До игрите во 2000, должината на трката изнесувала 4000 метри..[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Branch, John (26 ноември 2008). „Modern Pentathlon Gets a Little Less Penta“. New York Times. Посетено на 2008-11-27.
- ↑ 2,0 2,1 „Modern Pentathlon“. 'Good Luck Beijing'. 2007-03-10. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на 2008-11-27.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на UIMP
- Modern Pentathlon Community Архивирано на 18 декември 2014 г.
- Современ петобој - Австралија
- Современ петобој - Нов Зеланд Архивирано на 5 март 2012 г.
- Современ петобој - турција Архивирано на 16 јуни 2018 г.