Судан на Олимписките игри
Судан првпат учествувал на Олимписки игри во 1960 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на повеќето изданија на Летните олимписки игри. Земјата не учествувала на игрите во 1964, ги бојкотирала игрите во 1976 заедно со повеќето африкански земји, и го поддржала бојкотот предводен од САД на игрите во 1980 одржани во Москва. Судан никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.
Судан на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
Исмаил Ахмед Исмаил го донел првиот и единствениот медал за Судан на Олимписките игри, освојувајќи го второто место на трката на 800 метри на Летните олимписки игри 2008.
Националниот олимписки комитет на Судан е основан во 1956 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1959 година.
Список на освојувачи на медали
уредиМедал | Натпреварувач | Игри | Спорт | Дисциплина |
---|---|---|---|---|
Сребрен | Исмаил Ахмед Исмаил | Пекинг 2008 | Атлетика | 800 метри |
Наводи
уреди- „Sudan Olympic Committee“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2011-06-14.