Отвори го главното мени
Знаме на ГДР
Грб на ГДР

Германската Демократска Република (ГДР) (германски: Deutsche Demokratische Republik, DDR), позната и како Источна Германија, била социјалистичка држава создадена од Советскиот Сојуз во Советската окупациона зона на повоена Германија и Советскиот сектор на окупираниот Берлин. Источна Германија постоела од 1949 до 1990, кога престанала да постои, односно нејзината територија се припоила кон Федерална Република Германија (Западна Германија).

Главен град бил Берлин (источниот дел), а броела околу 16 милиони жители во 1990 година.