Сакис Рувас
Анастасиос „Сакис“ Рувас (грчки: Αναστάσιος "Σάκης" Ρουβάς) е грчки пејач, глумец, телевизиски водител, композитор и гимнастичар. Тој е роден на 5 јануари 1972 година на Крф, Грција. Тој бил еден од првите грчки пејачи кој успеал да се афирмира како пејач во Западна Европа.
Сакис Рувас Σάκης Ρουβάς | |
---|---|
![]() Рувас на Евровизија 2009 во Москва | |
Животописни податоци | |
Родено име | Анастасиос Рувас |
Познат(а) и како | Сакис |
Роден(а) | 5 јануари 1972 Mandoukion, Corfu, Greece |
Потекло | Атина, Грција |
Жанрови | поп, рок, денс |
Занимања | пејач, глумец, телевизиски водител, композитор, гимнастичар |
Инструменти | пејач, гитара[1] |
Период на активност | 1987–1990 (спортист) 1991–денес (изведувач) |
Издавачи | PolyGram, Minos EMI, Universal Music |
Мреж. место | www.SakisRouvas.com |
Во текот на 2004 година бил претставник на Грција на Евровизија 2004 со песната „Shake it“ на Никос Терзис, освојувајќи го третото место, како и на Евровизија 2009 со песната This Is Our Night, каде го освоил седмото место. На Евровизија 2006 бил водител. Рувас денес е еден од најпродаваните грчки изведувачи.