Трамвај
Трамвај (од англиски: tram = вагон, вагонетка и way = пат, името доаѓа од вагонетките за превоз на јаглен во шахта во Велика Британија) — релсово сообраќајно средство, вид уличен јавен превоз, обично на електрична влечна сила се користи најчесто во градовите за превоз на патници во одреден правец.
„Трамвај“ на Ризницата ? |
Историја
уредиТрамваите почнале да функционираат во првата половина на 19 век, а електричните - на крајот на 19 век. Во периодот меѓу двете светски војни започнал нивниот пад, но од крајот на XX век се забележува значително зголемување на популарноста на трамваите. Во Сан Франциско, Калифорнија (САД) бил лансиран првиот кабелски трамвај во светот, во 1873 година.
Видови трамваи
уредиПовеќето трамваи користат електрична струја, добиваат преку контакт мрежа со помош на токоприемници (пантографи), но има и трамваи со напојување од трета шина, како и трамваи на батерии. Покрај електрични, има и трамваи влечени од коњ, кабелски трамваи и дизел-трамваи. Во минатото имало парни трамваи, како и трамваи влечени од мулиња и зебри.
Трамваите можат да се класифицираат исто како градски, меѓуградски, санитарни и товарни.
Трамвајот како мотив по уметноста
уреди- „Заскитаниот трамвај“ — песна на рускиот поет Николај Гумиљов.[1]
Наводи
уреди- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 26-28.