Натпреварите во атлетика на 28-те Летни олимписки игри во Атина во 2004 година се одржале на Олимпискиот стадион „Спиридон Луис“, освен маратонот помеѓу Маратонскиот терен и стадионот „Панатинаикос“, натпреварот за брзо одење по улиците на Атина и натпреварот во фрлање ѓуле што се одржал на реновираниот антички стадион во Олимпија. На програмата биле вкупно 46 дисциплини, 24 во машка и 22 во женска конкуренција.
По објавувањето за дисквалификација за допинг на Јури Билоног, освојувачот на златниот медал, имаше ново доделување на медали во март 2013 година. Според соопштението на МОК испратено до Шпанскиот олимписки комитет, новиот сопственик на златниот медал е Адам Нелсон, од САД, сребрениот Јоаким Олсен од Данска и освојувачот на бронзениот медал, Мануел Мартинес од Шпанија .[2]
Во машка конкуренција, светскиот рекорд бил соборен на 110 метри препреки и четири олимписки рекорди: 10.000 метри, скок со стап, фрлање диск и десетобој.
Добитникот на златен медал во фрлање кладиво, Адријан Ануш и освојувач на златен медал во фрлање диск Роберт Фазекас биле позитивни на допинг контрола, па нивните медали биле повлечени а нивните резултати избришани.
На Ирина Јатченко и бил одземен бронзениот медал затоа што на 5 декември 2012 година, по преиспитување на нејзините примероци, било откриено присуство на метадон и и бил доделен на Вера Посписилова-Чехлова, по одлуката на Извршниот одбор на МОК на 30 мај 2013 година.<[3][4]
Во женска конкуренција бил срушен светскиот рекорд во скок со стап и пет олимписки рекорди во финалето: 100 метри со пречки, скок во височина, фрлање копје и фрлање кладиво, додека еден бил соборен во полуфиналето на 400 метри со пречки.
Учесниците на штафетите кои освоиле медали, но не учествувале на последната трка биле обележани со точка.
Ирина Конжаренко (21.06) била лишена од златен медал, а резултатот бил избришан поради допинг.
↑До 2010 година не се знаело што ќе се случи со победничката штафета на САД, затоа што членот на штафетата во пред-натпреварувањето Кистал Кокс признала дека користела анаболни стероиди од 2001 до 2004 година. Сепак, до 2012 година не била донесена одлука, а американската штафета сè уште го чува својот златен медал. Во јули 2012 година, МОК одлучил да го укине златниот медал за Кристал Кокс и побарал од IAAF да донесе одлука за американската штафета. На 31.05.2013 година, МОК и ИААФ одлучиле резултатот да остане, да остатокотод натпреварувачите го задржат својот медал и со тоа овој случај се смета за затворен.