Опслужувач или сервер (од англ. server) — систем (програмска опрема и соодветна машинска опрема) кој одговара на барањата низ сметачката мрежа за да обезбеди, или да помогне да се обезбеди, мрежна услуга. Опслужувачите може да работат на специјало наменет сметач, кој честопати се нарекува "опслужувач", но многу мрежни сметачи се способни за поставување на опслужувачи. Во многу случаи, сметачот може да обезбеди неколку услуги и има неколку опслужувачи што работат.

Опслужувачи во центар за податоци. Неколку опслужувачи се монтирани на решетката и поврзани со KVM-свртница.

Опслужувачите работат во рамките на клиент-опслужувач архитектура, опслужувачите се сметачки програми кои работат да им служат на барањата на другите програми, на клиенти. Така, опслужувачот извршува некоја задача во име на клиентот. Клиентите обично се поврзуваат на опслужувач преку мрежата, но може и да се користи истиот сметач. Во контекст на семрежен протокол (IP) вмрежување, опслужувачот е програма со која функционира како приклучок.

Опслужувачите често ги обезбедуваат основните услуги преку мрежа, или на приватните корисници во голема организација или на јавните корисници преку семрежјето. Типични сметачки опслужувачи се податочен опслужувач, податотечен опслужувач, поштенски опслужувач, опслужувач за печатење, мрежен опслужувач, приложен опслужувач, или некој друг вид на опслужувач.

Бројни системи го користат овај клиент / опслужувач мрежен модел вклучувајќи мрежни места и е-поштенски услуги. Алтернативен модел, peer-to-peer мрежа им овозможува на сите сметачи да дејствуваат или како опслужувач или како клиент колку што е потребно.

Употреба

уреди

Терминот опслужувач се користи доста широко во информатичката технологија. И покрај многуте опслужувач брендирани производи кои се достапни (како опслужувач верзии на машинска и програмска опрема или оперативни системи), по претпоставка дека еден сметачки процес споделува ресурси на еден или повеќе клиенти на опслужувачот. Да го прикажеме ова, ќе земеме чест пример на споделување на податотеки. Додека постоењето на податотеки на машината не се класифицира како опслужувач, механизмот кој ги дели овие податотеки на своите клиенти од страна на оперативниот систем е опслужувач.

Слично, се смета дека опслужувач апликација (како мултиплатформска "Apache HTTP Опслужувач"). Овој програмски опслужувач може да биде функционален на секој спремен сметач. На пример, додека лаптоп или личен сметач не е обично познат како опслужувач, тие во овие ситуации може да ја исполнат улогата на еден, и со тоа да бидат означени како еден. Тоа е, во овај случај, улогата на машината што ја става во категоријата на опслужувач.

Во машинска смисла, зборот опслужувач обично означува сметачки модели наменети за поставување прилози поради големата побарувачка на мрежана средина. Во оваа поставеност „клиент–опслужувач“ една или повеќе машини, или еден сметач или сметач апарат, споделува информации едни со други со едно делување како домаќин за други.

Додека скоро секој личен сметач е способен да дејствува како мрежен опслужувач, одредени опслужувачи ќе содржат одлики што ќе ги прават повеќе погодни за производни околини. Овие одлики може да вкклучат побрза CPU, зголемени високи перформански RAM, и зголемен капацитет на складирање во форма на поголеми или повеќе тврди дискови. Опслужувачите исто така обично имаат сигурност, достапност и сервисибилност (RAS) и толеранција на грешка одлики, како што се редунданција во напојување, складирање (како во RAID), и мрежни врски.

Среверите станаа честа појава во раните 1990 години кога бизнисите сè повеќе и повеќе почнаа со користење на личните сметачли за да се обезбедат услуги кои некогаш биле поставувани на големите главни или мини сметачи. Првите податотечни опслужувачи биле сместено во повеќе CD-ROM дискови, кои биле користени за да бидат домаќини на големи апликации со база на податоци.

Помеѓу 1990-тите и 2000-тите се зголемила употребата на одредена машинска опрема со доаѓањето на опслужувач апарати. Еден добро познат производ е Google Search Appliance, единица која ги комбинира машинската опрема и програмот во out-of-the-box пакет. Исто така произведени биле Cobalt Qube и RaQ. Поедноставни примери на такви апарати влучуваат прекинувачи, рутери, порти, и печатач опслужувачи, од кои сите се достапни во близина на непосредна поставеност.

Модерните оперативни системи како Microsoft Windows или Linux distributions се чини дека се дизајнирани со клиент–опслужувач архитектура. Овие оперативни системи се обид за апстрактна машинска опрема, овозможувајки му широк спектар на програмската опрема да работи со компонентите на сметачот. Во извесна смисла, оперативниот систем може да се види како служи машинскиот дел на програмот, кој во сите, освен во ниско ниво на програмски јазици мора да комуницира со користење на API.

Овие оперативни системи се способни да извршуваат програми во позадина наречени или сервиси или демони. такви програми, како горе споменатите Apache HTTP Server, може да чека во ,sleep state за нивната неопходност да стане очигледна. Бидејќи секој прогарм кој обезбедува услуги може да биде наречен опслужувач, современите лични сметачи може да се гледа како a шума од опслужувачи и клиенти кои работат паралелно.

Семрежјето само по себе е исто така шума на опслужувачи и клиенти. Единствено што бара е мрежно место од неколку километри оддалеченост што ќе го задоволи стекот на протоколи кои вклучуваат многу примери на опслужувачи за машинска и програмска опрема. Во најмала рака ови се рутери, модеми, доменски имиња на опслужувачи, и разни други опслужувачи неопходни за да се обезбеди светска пајажина.

Воведот во Cloud computing овозможува опслужувачот и другите ресурси да се делат во базен и овозможува опслужувачи со повисок степен на толеранција на грешка.

Машински дел на опслужувачот

уреди
 
A rack-mountable опслужувач. Горниот капак е отстранет за да се покажат внатрешните компоненти.

барањата на машинската опрема за опслужувачи се разликуваат, во зависност од опслужувачката апликација. Апсолутната CPU брзина не е толку критична за опслужувачот како што е за десктоп машината. Опслужувачите имаат должност да обезбедат различлни услуги преку мрежа за мнкгу корисници што доведува до различни барања како што се брзо поврзување на мрежа и брз I/O секаде. До опслужувачите обично се пристапува преку мрежа, тие можат да работат во ограничен режим без монитор или влезен уред. Процесите кои не се потребни за функција на опслужувачот не се користат. Многу опслужувачи немаат графички кориснички интерфејс (GUI) кога е непотребно и троши ресурси кои би можеле да бидат распределени на друго место. Слично на тоа, аудио и USB интерфејси можат да бидат исфрлени.

Опслужувачите често работат долги периоди без прекин и достапноста е многу важна, при што машинската сигурност и издржливост е исклучително важна. иако опслужувачите може да бидат изградени од сметачки делови, критична мисија опслужувачите се идеални за толеранција на грешка и користат специјализирана машинска опрема со ниска стапка на неуспех со цел да се зголеми uptime, дури и краткороченнеуспех може да чини повеќе од купување и инсталирање на системот. На пример, тоа може да потрае само неколку минути од одредување на времето на националната берза за да се оправда за сметка на целосно заменување на системот со нешшто повеќе сигурен. опслужувачите може да се вклучат побрзо, со поголем капацитет на тврдите дискови, поголеми вентилатори или разладувачи за да ја отстранат топлината, и непрекинатото напојување кои гарантираат дека опслужувачот ќе продолжи да функционира и во случај на прекин на електрична енергија. Овие компоненти нудат повисоки перформанси и сигурност на соодветно повисок цена. Машинската редунданца— инсталирана на повеќе од една инстанца на модули како што се напојување и тврд диск и наредени татака што ако некој не успее друг е расположлив за широка употреба. ECC мемориски уреди кои се користат за детектирање и поправање на грешки; non-ECC е поверојатно да предизвика извртување на податоците

За да се зголеми сигурноста, повеќето опслужувачи користат меморија со детекциај и корекциаја на грешка, редундантни дискови, редундантна моќ за напојување и така натаму. Таквите компоненти исто така често се hot swappable, авозможувајки техничарите да ги заменат без да ги исклучат. За да се спречи прегревањето, опслужувачите често имаат повеќе моќни вентилатори. Опслужувачите обично се управувани од искусени систем администратори, нивните оперативни системи сè повеќе настроени кон стабилност и перформански отколку лесни за користење, Линукс со земање на значително поголем процент отколку за десктоп сметачи.

За опслужувачите е потребноо стабилно напојување, добар семрежен пристап, зголемена безбедност и бидејќи се бучни се чуваат во специјално намнети простории опслужувач центри или спенлајици соби. Ова бара намалување на потрошувачката на енергија, дополнителната енергија што се генерира предизвикува температурата во просторијата да ги надмине дозволените граници; оттука нормално, опслужувач собите се опремени со клима уреди. опслужувач кукиштата се обично рамни и широки (обично се мерат во "rack единици"), адаптиран да запазат многу уреди еден до друг на опслужувачка полица. За разлика од обичните смјетачи, опслужувачите обично може да се поставуваат, вклучуваат и исклучуваат или превклучуваат од далечина, користејки надворешно управување, обично врз основа на IPMI.

Кај некои опслужувачи потребно е доло време за да се вклучи машинската опрема и да се вчита оперативниот систем. Опслужувачите работат детално пред подигање тестирање на меморија и верификација и стартување со помош на далечинско управување. Дисковите контролори стартуваат блоковите на дисковите секвенцијало, наместо сите одеднаш, за да не се оптовари напојувањето со наглото стартување, и потоа тие иницираат RAID систем pre-checks за правилно функционирање на редунданцата. тоа е заедничко за некоја машина стартувањето да потрае неколку минути, но тоа не е потребно да се рестартира за неколку месеци или години.

Опслужувач оперативни системи

уреди

Опслужувач-ориентираните сметачки системи имаат тенденција да имаат одредени одлики кои ги прават повеќе погодни за опслужувач околина како на пример

  • GUI не е достапен или опционален
  • способност да се рекунфигурира и надградба на машинската опрема и на програмот до одреден степен без рестарт,
  • напреден backup за да се олесни и зачести онлајн backups на критичните податоци,
  • транспарентен пренос на податоци помеѓу количината или уредите,
  • флексибилни и напредни мрежни можности,
  • автоматски способности како што се демоните во UNIX и услужниците во Windows
  • непробоен систем за безбедност, со искусно корисници, ресурси, податоци, и заштита на меморија.

Опслужувач-ориентираните сметачки системи можат, во многу случаи, во комуникација со машинските сензори да детектираат околности како што се прегревање, дефект на обработувачот и дискот, и следстевно да го алармираат на операторот да преземе одредени мерки.

Опслужувачите мора да обезбедат ограничен опсег на услуги за многу корисници додека столните сметачи мора да спроведе широк спектар на функции потребни од страна на неговиот корисник, барањата на оперативниот системза опслужувач се различни од оние на десктоп машината. Иако е можно која што за оперативниот сисме ќе ги обезбедува и двете услуги и ќе одговара брзо на барањата на корисникот, тоа е едноставно со користење на различни оперативни системи на опслужувачите и на десктоп машините. некои оперативни системи се испорачуватт и во опслужувач и во десктоп верзии со слични кориснички интерфејс.

Windows и Mac OS X опслужувач оперативните системи се распоредни на помал број опслужувачи, како и други сопстевници на супероперативни системи, како z/OS. Доминантните оперативни системи меѓу опслужувачите се UNIX-like отворен код дистрибуции, како што се оние кои се засновани на Linux и FreeBSD.

Подемот на микрообработувачот-заснован опслужувач беше олеснат од страна на развојот на Unix да работи на x86 микрообработувач архитектура. Microsoft Windows фамилијата на оперативни системи исто така работи на опрема x86, since Windows NT, биле достапни во верзии погодни за опслужувачка употреба.

Додека улогата на опслужувач и десктоп оперативните системи останува различна, со подобрување на сигурноста на двата машински и оперативни системи се замаглува разликата помеѓу двете класи. Денес, многу десктоп и опслужувачки оперативни системи основниот код, се разликуваат најмногу во поставеноста. Преминот кон подлоги за мрежни прилози и средна програмска опрема исто така ја намали побарувачката за специјални апликациски опслужувачи.

Видови на опслужувачи

уреди

Во општата мрежна околина можат да се најдат следниве видови на опслужувачи:

  • Апликациски опслужувач, опслужувач посветен за работа на одредени програмски прилози
  • Catalog server, централна точка за пребарување на информации во дистрибуирана мрежа
  • Communications server, carrier-grade сметачки послоги за комуникациски мрежи
  • опслужувач за пресметка, опслужувач наменет за интензивни (особено научни) пресметки
  • Database server, обезбедува услуги од базата на податоци и од други сметачки програми или сметачи
  • Fax server, обезбедува факс услуги за клиенти
  • File server, обезбедува далечински пристап до податотеките
  • Game server, видео игра поврзана на еден опслужувач со цел клиентите да играат он лајн заедно
  • Home server, опслужувач за дома
  • Mail server, извршува транспорт и пристап до меил
  • Mobile Server, или опслужувач во движење е Intel Xeon обработувач во облик на преносен сметач
  • Name server или DNS
  • Print server, обезбедува услуги за печатење
  • Proxy server, делува како посредник за барањата од клиентите кои бараат ресурси од други опслужувачи
  • Sound server, обезбедува мултимедијало емитување, проточност.
  • Stand-alone server, опслужувач на Windows мрежа која ниту припаѓаниту раководи со Windows домеинот
  • Web server, опслужувачот HTTP на кој клиентите се поврзани со цел да испратат команди и да добиваат одговори заедно со податоци и содфржини

Скоро целата структура на семрежјето се заснова брз клиент–опслужувач модел. Високо ниво на root nameserver, DNS, и насочувачите директно сообраќаат на семрежјето. Постојат милион опслужувачи поврзани на семрежјето, работат непрекинато насекаде во светот.

Речиси секоја акција преземена ос страна на еден обичен семрежен корисник бара една или повеќе интеракции со еден или повеќе опслужувачи.

Исто така има и технологии кои работат на едно интер-опслужувач ниво. Други услиги кои не ги користат наменските опслужувачи, на пример Споделување на податотеки, некои имплементации на телефонија (на пр. Скајп), и снабдување на телевизиски програми на неколку корисници (на пр. Kontiki, SlingBox).

Потрошувачка на енергија на опслужувачи

уреди

Во |url=http://www.nytimes.com/2011/08/01/technology/data-centers-using-less-power-than-forecast-report-says.html?_r=0

Во овај контекст, помалку од 6 милијарди мобилни телефони во светот користа енергија надополнување на нивните батерии. Покрај тоа, ова се губи во споредба со двоцифрената бројка на корисници за греење и ладење, печки, топла вода, сушење облека итн. Конечно, ако се задржи оваа употреба во иднина, Smart2020 извештајот проценува дека ИКТ (Информатички и комуникациски технологии) заштедуваат повеќе од 5 пати присуство на јаглерод во останатиот дел од економијата преку овозможување на ефикасност.

Големина на класи

уреди

Sizes include[се бара извор]:

Поврзано

уреди
Server definitions

Наводи

уреди