Хокеј на трева
Хокеј на трева — екипен спорт со топка од семејството на хокејот. Играат две екипи со по 11 играчи (10 и голман).
Хокеј на трева на Летните младински олимписки игри 2018 | |
Највисоко владеечко тело | Меѓународен хокеарски сојуз |
---|---|
Почеток | XIX век, Индија |
Карактеристики | |
Контактен | ограничен |
Членови на екипата | 11 |
Категоризација | надвор и внатре |
Опрема | топче, палка, ножни и усни штитници |
Олимписки | 1908, 1920, 1928 – денес |
Историја
уредиХокеј на трева се смета за еден од најстарите спортови. Траги од овој спорт може да се најдат уште пред 2500 години во Кина, Египет, Пакистан и Персија. Сепак хокеј на трева во модерен облик како што денес го знаеме, потекнува од Англија. Во Лондон во 1861 година било регистрирано постоење на машкиот хокеј од клубот „Блекхит“ (Blackheat) веќе од 1886 година е основано Лондонското хокеарско здружение. Англичаните овај спорт го донеле во Индија, каде што брзо стекнал голема популарност, така што се организирале меѓународни натпревари од 1895 г. До 1928 г. хокеј на трева во Индија станал национален спорт, па истата година на својот настап на Олимписките игри, Индија освоила златен медал и многу долги години доминирала на меѓународните настапи. Од 1971 година се одржува светски куп во хокеј на трева. Жените се занимавале со овој спорт од XIX век, ама веќе од 1974 г. се одржуваат натпревари во женска конкуренција цо светскиот куп, а од 1980 година и во Олимписките игри.
Игралиште
уредиОзнаки и димензии
уредиДве екипи од по 11 играчи, играат на терен со големина: 91 м должина и 55 м ширина. Палката со која се удира топката е долга околу 1 м, а тешка од 340 до 790 грама.
Игралиштето е поделено на два еднакви дела. Поделбата е направена попреку, така што секоја половина е долга 40,7 метри. Таа средишна линија е полна линија.
Секоја половина од игралиштето е повторно поделена на пола, на 22,9 метри и означена е со полна линија. Таа линија се нарекува „линија од 25 јарди“.
Целта е да се постигне погодок, погодокот е постигнат кога топката со обем од 23 см ќе влезе во голот кој е со димензии:висима 2,14, а ширина 3,66 м.
Головите се наоѓаат на средината на пократките страни од игралиштето.
Околу голот се нацртани два полукруга, а внатрешниот полукруг е означен со полна линија. Полупречникот е 14,63 м од стативите (не од средината на голот) и се нарекува шутирачки полукруг, познат и како D поради обликот. Надворешниот полукруг е 5 јарди (4,57 м) подолг од внатрешниот полукруг и е означен со испрекината линија.
Точката за пенал се наоѓа на 6,4 м од голот.
На пократкие страни од игралиштето, 5 јарди од голот од секоја страна се наоѓа ознака за казнен удар од агол (корнер) за екипата која е во фаза на одбрана, а 10 јарди од секоја страна на голот се наоѓа ознака за казнен удар од агол за екипата која е во фаза на напад.
На долгите страни од игралиштето, 5 јарди од крајот на игралиштето, на секоа половина се наоѓа ознака за долг удар од агол, за екипата која е во фаза на напад.
Подлога
уредиТрадиционално спортот се играл на тревни игралишта, по што овој вид на хокеј го добил името. Подоцна постепено се преминувало на вештачки површини, односно на вештачки треви. Од 1970-те, се давала предност на игралиштата со вештачка трева со песок, затоа што многу ја забрзувале играта. Последните години сè повеќе се дава претдност на игралишта со вештачка трева со вода, затоа што овозможуваат уште побрз пренос на топката „песочни“ вештачки треви. Но тука се и сигурносни причини: „водените“ се помалку разјадувачки и поради тоа се намалил степенот на поврадување на играчите. Сепак, ФИХ препорачува нови мешовити видови подлоги бараат помалку наводнување, со што се одбегнуваат неповолните еколошки влијанија чисто „водени“ подлоги кои бараат големо количество на вода.
Хокејот на трева во Македонија
уредиКлубови
уредиСпортот во Македонија е најзастапен во југозападниот дел на државата. Федерацијата за хокеј на трева на Македонија е основана во 2008 г. и во нејзин состав се следниве клубови:[1]
- КХТ „Стик 2007“ - Охрид
- КХТ „Витези“ - Охрид
- КХТ „Паткари“ - Струга
Репрезентација
уредиПочнувајќи од 2010-тите активна е и Македонската репрезентација за хокеј на трева[2] која учествува на меѓународни натпревари со значителни успеси.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Федерација за хокеј на трева на Македонија: Клубови Архивирано на 21 септември 2020 г. — Агенција за млади и спорт
- ↑ Македонска репрезентација за хокеј на трева на Facebook