Танзанија на Олимписките игри

Танзанија прв пат учествувала на Олимписки игри во 1964 година и оттогаш испраќала спортисти на сите Летни олимписки игри, освен на Игрите 1976, кога ги бојкотирала. Државата никогаш не учествувала на некои Зимски олимписки игри.

Танзанија на Олимписките игри

Знаме на Танзанија
МОК-код  TAN
НОК Танзаниски олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади

*како Тангањика

Танзаниските спортисти имаат освоено вкупно два медали, обата во атлетика.

Националниот олимписки комитет за Танзанија бил создаден во 1968 година и бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет истата година.

Список на медалистиУреди

Медал Име Игри Спорт Дисциплина
  Сребрен Беји, ФилбертФилберт Беји   Москва 1980   Атлетика 3000 метри со препреки
  Сребрен Нјамбуи, СулејманСулејман Нјамбуи   Москва 1980   Атлетика 5000 метри

НаводиУреди