Европско првенство во фудбал 2004
Европско првенство во фудбал 2004 или скратено Евро 2004 — е 12-тото издание на европските првенства во фудбал организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир бил за првпат органиизиран во Португалија, од 12 јуни - 4 јули 2004 година, по нивната кандидатура која била избрана на 12 октомври 1999 година, во конкуренција на Шпанија и Австрија / Унгарија.[1][2].Вкупно триесет и еден натпревар се одиграле на десет локации во осум градови - Авеиро, Брага, Коимбра, Гуимареш, Фаро / Лоле, Леирија, Лисабон и Порто
Европско првенство во фудбал 2004 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Португалија |
градови | 8 |
стадиони | 10 |
Период на одржување | 12 — 4 јули 2004 |
Број на учесници | 16 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Грција |
Второ место | Португалија |
Трето место | Чешка Холандија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.156.473 (37.306 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 31 |
Дадено голови | 77 (2.48 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Милан Барош (5 голови) (5 гола) |
Најдобар играч | Теодоракис Загоракис |
Како и на Еуро 1996 и Еуро 2000 изданијата, на завршниот турнир се натпреваруваа 16 екипи - домаќините плус 15 екипи кои успешно ги совладаа квалификациите за Еуро 2004, кој започнале во септември 2002 година. Фудбалската репрезентација на Летонија за првпат обезбеди учество на еден голем турнир елиминирајќи ја Турција во квалификациите, односно баражот, додека Грција се врати на Европските првенства по 24 години.
Турнирот бил полн со изненадувања и импресии: репрезентациите на Германија,Шпанија и Италија биле елиминирани во групната фаза, додека репрезентацијата на Франција, (бранителите на првенството), биле поразени во четврт-финалето од Грција.Португалската репрезентација закрепна од поразот на отворањето на првенството против Грција, и од натпревар во натпревар беа се посилни, елиминирајќи ја Англија и Холандија на патот до финалето. За првпат на еден голем фудбалски турнир, учесниците на последниот натпревар беа истите тимови како на првиот натпревар.[3] Португалија била поразена од Грција, со голот на Ангелос Харистеас.[4] Триумфот на Грција бил неочекуван, со оглед на тоа дека тие учествувале до тогаш само на две други големи првенства, Еуро 1980 и Светско Првенство во фудбал 1994 година, каде што не успеа да победат на ниту еден натпревар.
За време на церемонијата на отворањето на турнирот, бил прикажан брод - кој ги симболизира португалските откритија и патувањата на португалските истражувачи - како и едрење преку морето, при што се претворил во знамињата на сите земји натпреварувачи.[5] На завршната церемонија, португалско-канадската пејачка Нели Фуртадо ја изведе песната"Форца".
Наводи
уреди- ↑ „Euro Championships lowdown“. BBC Sport (British Broadcasting Corporation). 29 November 2003. Посетено на 26 April 2010.
- ↑ „Stadium deals inked“. UEFA.com (Union of European Football Associations). 10 March 2003. Посетено на 11 June 2012.
- ↑ Holland, Phil; Williamson, Martin (29 April 2012). „History of the Euros: European Championships 2004“. ESPN. Посетено на 17 June 2012.
- ↑ McCarra, Kevin (5 July 2004). „Charisteas the hero as Greece defy the odds“. The Guardian. Guardian News and Media. Посетено на 24 May 2012.
- ↑ „Euro 2004 build-up in pictures“. BBC Sport (British Broadcasting Corporation). 12 June 2004. Посетено на 10 June 2012.
Надворешни врски
уреди- Европско првенство во фудбал 2004 на Ризницата
- UEFA Euro 2004 history at UEFA.com
- UEFA Euro 2004 coverage at BBC Sport
- Official website (archived) (португалски) (француски) (германски) (шпански) (италијански) (руски) Предлошка:Jp icon