Џибути (арапски: جيبوتي Jībūtī, сомалиски: Jabuuti) или официјално Република Џибути — држава во Источна Африка. Државата се граничи со Еритреја на север, Етиопија на запад и југ и со Сомалија на југозапад. На исток државата излегува на Црвеното Море, поточно на Аденскиот Залив и на значајниот проток Баб ел-Мандеб. Вкупната површина на Џибути изнесува 23.200 км2 со вкупно население од 864.000 жители. Главен град на државата е истоимениот град Џибути.

Република Џибути
جمهورية جيبوتي
Jumhūriyyat Jībūtī
Jamhuuriyadda Jabuuti
République de Djibouti
Знаме Coat of arms
Гесло"Unité, Égalité, Paix"  (превод)
„Единство, еднаквост, мир“
ХимнаDjibouti

Местоположба на Џибути
Главен градЏибути
11°36′N 43°10′E / 11.600° СГШ; 43.167° ИГД / 11.600; 43.167
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски и француски[1]
Признаени регионални јазици афарски, сомалиски
Демоним Џибутјани

(Џибутјанец/Џибутјанка)

Уредување полупретседателски систем
 •  Претседател Исмаил Омар Гвалех
 •  Премиер Дилеита Мохамед Дилеита
Независност од Франција 
 •  Датум 27 јуни 1977 
Површина
 •  Вкупна 23,200 км2 (149-та)
 •  Вода (%) 0.09 (20 км2 / 7.7 sq mi)
Население
 •  проценка за јули 2007 г. 496,374[1] (160-та)
 •  Попис 2000 460,700 
 •  Густина 22 жит/км2 (168-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $1.877 милијарди[2] 
 •  По жител $2,392[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $982 милиони[2] 
 •  По жител $1,252[2] 
ИЧР (2007)0.516
низок · 149-та
Валута франк (DJF)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .dj
Повик. бр. 253

Потекло на поимот уреди

Името на Џибути е добиено по најдолната точка на заливот Таџура. Денес се претпоставува дека потекнува од афарскиот збор gabouti и тоа значи еден вид бришалка за пред врата изработена од палмово дрво. Покрај оваа, постои и уште една непотврдена теза која вели дека Џибути значи „земја на Техути“ или „земја на Тот“, по староегипетскиот бог. Колонијалните имиња на Џибути биле Француска територија на Афарите и Исаите (двете најголеми етнички групи) и Француски Сомалиленд (види Сомалија).

Историја уреди

Историјата на Џибути главно е пренесена усно, преку фолклорот, поезијата и песните на номадскиот народ. Историските усни преданија посочуваат илјадници години историја, уште од времето на подемот на стариот Египет, Индија или Кина. Поради блискоста со Арапскиот Полуостров, Афарите и Сомалијците се меѓу првите етнички африкански групи кои го прифатиле исламот, а регионот меѓу првите африкански региони со исламска религија. Француските интереси за овој регион се појавиле во 19 век. Џибути била француска колонија од 1896 до 27 јуни 1977 кога станала независна држава.

Географија и клима уреди

 
Областа Лак Асал.

Џибути се наоѓа во Источна Африка, поточно на Рогот на Африка. Државата граничи со Сомалија на југозапад, Етиопија на запад и југ и со Еритреја на север. На исток државата излегува на Црвеното Море, односно на протокот Баб ел Мандеб и Аденскиот Залив. Преку протокот се наоѓа Јемен. Вкупната површина на Џибути изнесува 23.200 км2 каде живеат околу 864.000 жители. Главен и најголем град е истоимениот град Џибути. Поголем дел од територијата на Џибути е полупустинска.

Политички систем уреди

Џибути е полупретседателска република, каде извршната власт е во рацете на владата, а законодавната е во рацете на владата и собранието. Моментален претседател на Џибути е Исмаил Омар Гуелех. Политичкиот живот е доминиран од една партија, бидејќи опозицијата ги бојкотираше изборите во 2005 и 2008 година и уставот на Џибути, кој е усвоен во 1992 година.

Владата ја контролира сомалиската групата Иса. Скоро државата излегла од еднодецениската граѓанска војна помеѓу Афарите и Иса.

Административна поделба уреди

 
Карта на регионите во Џибути

Џибути се дели на 5 региони и еден град. Тие потоа се поделени на вкупно 11 окрузи.

Регион француски Админ. центaр Површина
(км2)
Население
(2009)
Густина
(жит/км2)
Али Сабје Region d’Ali Sabieh Али Сабје 2.200 86.949 39,52
Арта Region d’Arta Арта 1.800 42.380 23,54
Дихил Region de Dikhil Дихил 7.200 88.948 12,35
Обок Region d’Obock Обок 4.700 37.856 8,05
Таџура Region de Tadjourah Таџура 7.100 86.704 12,21
Џибути (град) Ville de Djibouti Џибути 200 475 332 2376,66

Стопанство уреди

Економијата на Џибути се заснова воглавно на овозможување на услуги поради стратешката географска положба на државата и статусот на слободна трговска зона во североисточна Африка. Две третини од населението живее во главниот град, додека остатокот е номадско население. Голем дел од храната во Џибути е увезена, додека се одгледува само одредени видови овошје. Во април 2005 година, се проценило дека во Џибути има 30.000 жители кои имаат недостаток на храна. Овој недостаток е како последица на сувата клима во Џибути. Главен економски проблем е невработеноста која изнесува 40% до 50% од работоспособното население.

Население, јазик и религија уреди

Религија[3]
религија процент
Ислам
  
94 %
Христијанство
  
6 %

Вкупниот број на население на Џибути брои околу 864.000 жители. Две главни етнички групи во Џибути се Сомалијците и Афарите. Покрај овие староседелски народи, во Џибути живеат и мали групи на Французи, Италијанци, Арапи и Етиопјани. Поради тензии помеѓу Афарите и кланот сомалиски Иса во 1990-те години во Џибути имало војна. Сомалијците се воглавно припадници на групата Иса. Иако службени јазици се францускиот и арапскиот јазик, најмногу се зборувани афарски јазик и сомалиски јазик.

Најбројна религија во Џибути е исламот, кој е застапен со 94%. Како втора религија се јавува христијанството.[4]

Култура уреди

Културата на Џибути е под силно влијание на сушниот и топол регион и културната средина. Облеката зависи од временските услови, така може луѓето да облекуваат стандардна облека или традиционална облека наречена макави. Културното наследство е денес зачувано по пат на оралната традиција. Исто така, покрај локалната традиција, можат да се забележат француски, исламски или отомански културни елементи.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Djibouti“. World Factbook. Central Intelligence Agency. 2007-09-06. Архивирано од изворникот (HTML) на 2014-07-02. Посетено на 2007-09-18.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Djibouti“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. the World Factbook[мртва врска]
  4. „CIA World Factbook – Djibouti“. Архивирано од изворникот на 2014-07-02. Посетено на 2010-03-02.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Влада
Општо
Вести
Патување