Стреличарство
Стреличарство — спорт или вештина за користење на лак и стерла. Зборот доаѓа од латинскиот збор arcus. Историски, стреличарство се користело за лов и за борба. Во модерните времиња, тоа е главно натпреварувачки спорт и рекреативнен активност. Лице кое учествува во стреличарство често е наречен стрелец.
Историја
уредиЛакот и стрелата највереојатно се измислени во периодот меѓу доцниот паленоит или раниот месолит. Најстарите откритија за употребата во Европа доаѓаат од Стелмур во долината Ахренсбург, северно од Хамбург во Германија, и датираат од доцниот палеолитски период, односно околу 10000 до 9000 години пред наша ера. Стрелите биле направени од борово дрво со кременов врв. Нема никавки докази за употреба на лак и стрела порано, односно има порани стапови со кременови врвови но посигурно е дека биле фрлани како копја наместо како стрели. Најстарите лакови се пронајдени во Данска. Лакот и стрелата го замениле фрлачот на копје, на секој континент освен Австралазија, но фрлачите на копје опстојувале во делови на Америките, посебно во Мексико и меѓу Инуитите. Лакот и стрелата постоеле во Египетска култура од пред династичкиот период.
Класични цивилизации, главно Асирците, Грците, Ермените, Персиците, Партите, Индијците, Корејците, Кинезите и Јапонците имале голем број стрелци во нивните армии. Египќаните употребувале композитни лакови за војна дури од 16 век пред нашата ера. Велшкиот лак ја покажал својата вредност за првпат во континенталната војна во битката на Креси. Во Америка стреличарство станало распространето поради контктот со Европа. Стреличарство било многу напредено во Азија. А во источна Азија, Гогурјео, едно од трите кралства на Кореја било многу познато по неговите моќни стрелци.
Падот на стреличарството
уредиСо откривањето на пушки лакот и стрелата веќе не биле добро функционални во војни, и ако некои држави пробувалте да го продолжат стреличарството. Во Англија и Велс, каде што државата пробала да го продолжи вежбањето со лакот дури до крајот на 16 век. Ова било бидејќи било познато дека лакот бил важен дел од нивните боени победи преку Сто Годишната Војна. Во спротивност на обожавањето на стреличарство во Ерменија, Кина, Египет, Англија и Велс, Америка, Индија, Јапонија, Кореја, Турција и други држави, речиси сите народи кои имале пристап на поранешите пушки ги употребувале често. Поранешните пушки биле поспори во пукањето од лакот и стрелата, и биле многу чувствителни на влага. Но сепак, имале поголем ефикасен домет и биле тактички подобри во ситуацијата во која војниците пукаат еден во друг скриени позади заклон. Истовремено требало помалку тренинг за да се користи пушката, исто и куршумот можел да пробије преку челичен оклоп без употреба на специјални мерки. Армиите кои биле со пушки имале поголема сила, и добро тренирани стрелци станале застарени на војното поле. Но сепак, лакот и стрелата е ефикасно оружје, и стрелци биле употребени дури и во 21 век. Традиционално стреличарство останува како спорт, и е употребено за лов во многу области.
Опрема
уредиВидови лакови
уредиИма многу голем број видови на лакови според нивната конструкција (исторички и модерни), но сепак сите лакови биле направени од струна споена со двете еластични страни на лакот кои добивале механичка енергија од повлекувањето на струната. Лакови би можеле да се поделат во две поголеми категории: лакови на кои струната се повлекува директно, и лакови на кои струната се повлекува со механизам.
Стреличарството како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Стрелци“ (Arqueros) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[1]
- „Стрелец“ (Стрелац) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
- „Скршена стрела“ (Broken Arrow) — песна на американската рок-група „Бафало Спрингфилд“ (Buffalo Springfield) од 1967 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 31.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 169.
- ↑ DISCOGS, Buffalo Springfield – Buffalo Springfield Again (пристапено на 21.12.2018)