Леонард Алберт “ Лени “ Кравиц (англиски: Leonard Albert Kravitz, р. 26 мај 1964) е американски пејач, текстописец, мулти-инструменталист, продуцент, аранжер, чиишто „ретро “ стил вклучува елементи од рок, соул, фанк, реге, хард рок, психодилична, фолк музика како и балади. Покрај пеењето и придружните вокали додека снима, Кравиц често свири на сите гитари, басови, тапани, клавијатури, ударни инструменти. Тој е познат по неговата секогаш добро наместена сцена и спотовите. Кравиц имал многубројни хитови на прво место на US Top синглови, и многу други пошироко во светот. Тој ја добиваше Греми наградата за “ Најдобар машки вокален рок изведувач “ четири години по ред, од 1999 до 2002 година, рушејќи го рекордот со најмногу и нај непрекинати победи во таа категорија. Тој бил номиниран многупати, и има добиено многу престижни награди како Американските Музички награди, МТВ Видео музичките награди, Радио Музичките награди, Британските награди, И Блокбастер Ентертејмент наградите. Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ светот .

Лени Кравиц
Lenny Kravitz
Лени Кравиц во Бразилија, Бразил на 19 март, 2005
Лени Кравиц во Бразилија, Бразил на 19 март, 2005
Основни податоци
Родено имеЛеонард Алберт Кравиц
Познат(а) и какоЛени Кравиц,
The Krav,
Ромео Блу (former)
Роден(а)26 мај 1964(1964-05-26)(60 г.)
Њујорк, Њујорк, САД
ПотеклоСАД
Жанр(ови)рок, хард рок, фан рок, neo-psychedelia, поп рок, соул, R&B, албум рок, балада
Занимање/њапејач-текстописец, мулти-инструменталист, композитор, record producer, arranger, actor, interior designer, clothing designer
Инструментивокал, гитарист, бас гитара, drums, хармоника, keyboards, percussion, sitar, piano
Години на активност1989–сега
Продукциска куќа/ќиVirgin Records America
Мрежно местоwww.lennykravitz.com

Животопис

уреди

Кравиц е роден во Њујорк, на 26 мај 1964 година,[1] син на Рокси Рокер, глумица позната по улогата на Хелен Вилис во хит телевизиската комедија од 1970 година Џеферсонови, и Су Кравиц продуцент на вести во НБЦ .[2] Татко му на Кравиц има потекло од Руски Евреи,[3][4][5] а мајка му има Бахамско потекло.[6][7][8][9] Кравиц е крстен по неговиот чичко Леонард Кравиц којшто бил убиен во борба на 6 март 1951 во Кореја на 20 годишна возраст.[10] Тој бестрашно се бранел од нападот на Кинеската Армија што ги изненадил, заштитуваќи поголем дел од неговиот вод ; тој бил посмртно награден од Distinguished Service Cross , вториот по ред највисок воен додаток во Американската Армија .

Кравиц пораснал поминувајќи ги деновите со неговото семејство во повисоката источна страна на Менхетен , а викендите кај неговата баба, куќата на Беси Рокер во Бедворд –Стивесант, маало во Бруклин.[11] На три години, Кравиц удирал по тенџерињата и тавите во кујната, како да се тапани. На петгодишна возраст посакал да биде музичар. Тој почнал да тропа на тапани, а набрзо почнал и со свирење на гитара. Кравиц пораснал слушајќи музика што ја слушале неговите родители, Р&Б, џез, класична, опера, евангелистичка И блуз. „ Моите родители ми беа голема поддршка кога рано започнав да ја сакам музиката, и ме носеа на многу шоуа “ изјавува Кравиц."[12][13]

На возраст од околу 7 години, тој ги видел Џексон 5 како настапуваат, и тие станале негова омилена група.[14] Неговиот татко, којшто бил и џез промотер, бил пријател со Дјук Елингтон, Сара Вон, Каунт Бејзи ,Ела Фицџералд, Боби Шорт, Мајлс Дејвис и други џез големци. Една година, кога полнел 5 години, Елингтон дури и му ја пеел Happy Birthday .[15][16][17] Тој бил изложен на соул музиката на Мотовн, Стакс, Џејмс Браун, Арета Френклин, Ал Грин, Стиви Вондер, Куртис Мејфилд, Гледис Најт, Гембле и Хаф, и растејќи оваа музика влијаеала на неговиот музички стил. Кравиц често го посетувал Њујоршкиот театар каде што работела неговата мајка. Неговата мајка го охрабрувала во неговите музички соништа .

Во 1974 год, семејството Кравиц се сели во Лос Анџелес, поради добиената улога на мајка му во Џеферсонови.[11] По ургенции на неговата мајка, Кравиц се приклучува кон Калифорнискиот машки хор , три години каде што изведува класичен репертоар и пее со Метрополитната Опера. Тој има учевствувано во Малеровата Трета Симфонија во Холивуд Боул.[11] Во Лос Анџелес, Кравиц се запознава со рок-музиката, слушајќи ги Битлси, Ролинг Стоунс, Лед Цепелин, Џими Хендрикс, Грејтфул Дед, Aerosmith, Блек Сабат, Creedence Clearwater Revival, Kiss, Пинк Флојд и The Who.[18] „Бев привлечен од еден кул стил, девојки, рокенрол, стил на живеење “ вели Кравиц.[18] Други музички влијанија во ова време имал од Фела Кути, Бил Витерс, Марвин Геј, Фароа Сандерс и Мајлс Дејвис[18] понатака е потврдено дека влијание на неговата музика имале и Џон Ленон и Боб Марли. Кравиц одел во Средното училиште Беверли Хилс. Професори му биле Мараја Мек Ки и гитаристот Сол Хјудсон. Во 1978 година Кравиц бил примен во добро почитуваната музичка програма. Тој мислел дека добро свири пијано и бас, и се спријателил со Зоро што подоцна станува негов долгогодишен соработник.[19] Кравиц сакал да стане студиски музичар. Во ова време се има појавувано и на телевизиски реклами како глумец .

Кравиц одел во училиште што му било доволно само да поминува, и сè повеќе и повеќе трошел време дружејќи се со другарите. Неговите родители се загрижиле и сакале да има нешто на што ќе се навлече. На 15 години, Кравиц решен да има музичка кариера се сели од дома. Тој седел со другарите, преспивал во колите на другарите, има спиено и во неговото Форд Пинто. Инспириран од Дејвид Боуви, Кравиц го присвојува името „Romeo Blue “[11] и настанува една нова комплетна личност со исправена коса, сини леќи, која почнува со настапи. Благо влијание врз музиката на Кравиц во овој период има стилот на Принц. Во 1982 година Кравиц матурирал и го наговорил татко му да му даде пари за снимање, наместо за факултет. Со своето снимено прво демо Кравиц добива понуди од неколку продуцентски куќи вклучувајќи го И.Р.С Рекордс, но му било кажано дека треба да ја смени својата музика, за да ја направи „доволно црнечка “ за да се вклопи во тогашните Р&Б радио стилови. „Одбив “ изјави Кравиц во 1989 год за Лос Анџелес Тајм .

Приватен живот

уреди

Во 1985 год, родителите на Кравиц се разведиле,[20] што оставило длабока трага врз него. Неговата врска со татко му станала екстремно напорна. За да се справи со овој период, Кравиц се фокусирал на музиката. Таа година, на концертот на Њу Едишн, Кравиц ја запознава глумицата Лиза Бонет.[21] Лиза работеше на шоуто Козби, најгледаното телевизиско шоу. Тие беа блиски пријатели околу две години пред да се заљубат еден во друг.[21] Кравиц повторно се преселува во Њујорк, сега со својата девојка Лиза, каде што се продуцира шоуто Козби 1987 год.[22] На 16 ноември 1987 год, на нејзиниот 20 ти роденден, Кравиц и Бонет “ побегнале “, правејќи Лас Вегашка церемонија.[23] Кравиц, сѐ уште познат како Синиот Ромео, се нашол на насловните на таблоидните весници. Тие имаат ќерка Зое Изабела Кравиц, родена на 1 декември 1988 год.[24] Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год.[22]

Кравиц се забавувал со француската пејачка и модел Ванеса Паради од 1991 до 1996 година.[25][26] Тој започнал да се забавува со бразилската манекенка Адријана Лима во 2001 година[27] и тие живееле заедно пред да се свршат во 2002 година.[27] Свршувачката била откажана во август 2003 година.[27][28] Во 2003 год, Лени Кравиц почна да излегува и бил свршен со Никол Кидман. Во 2004 год, тие раскинаа.[29] Во септември 2007 год, за Vanity Fair , Никол Кидман обелодени дека измеѓу разводот со Том Круз и венчавката со Кејт Урбан, таа била тајно свршена со некој. Всушност, многу извори тврдат дека “ мистериозниот маж “ е Лени Кравиц. Ниту претставниците на Кравиц, ниту на Никол ја демантираа или потврдија оваа гласина .

Кравиц се идентификува и како Христијанин и како Евреин, што двете ги опишува како „ исти за него “.[30] Тој вели дека духовното е битен дел од неговото растење, бидејќи е воспитуван од родители од различни раси. Исто така, духовното е вклучено и во многу од неговите песни, како и текстовите на неговиот албум Baptism, како и во текстот на неговата тетоважа „Јас верувам во Исус Христос “. Во едно интервју на шега има кажано : “ Јас сум половина Евреин, половина црнец, се пронаоѓам измеѓу “.[31]

Кариера

уреди

1989 -1990 Вирџин Рекордс и почеток на неговата кариера

уреди

Со продуцентски куќи што сè уште му кажуваат дали неговата музика е доволно црнечка или доволно белечка, Кравиц одлучува сам да си сними албум. Во 1985 год, кога го снимал своето демо во Њу Џерси, тој го запознава клавијатуристот и басист Хенри Хирч. И двајцата имале исти интерес околу Р & Б, џез и рокот, како и користењето на вистински инструменти и стара опрема за снимање. Кравиц, на повеќето од своите албуми, продолжува да соработува со Хирч. Наредната година и пол, Кравиц заедно со Хирч започнува со работа на неговиот прв албум, а неговиот татко му помагал финансиски. Кравиц го запознава саксофонистот Карл Денсон, И го поканува да свири на неговата песна „Let Love Rule “. Кравиц беше толку импресиониран од неговото свирење, што Денсон свири на повеќе негови песни од албумот. Наредните пет години Денсон одел заедно со Кравиц на турнеи.[32] Откако завршува со албумот, Кравиц се среќава со Вирџин Рекордс .Продуцентската куќа беше одушевена од музиката што тој ја правеше, музика инспирирана од врската со неговата сопруга Бонет и нивната ќерка. Кравиц го остава името Синиот Ромео. За неговото име Синиот Ромео, тој вели  : „ Конечно ме врати сам на себе. И кога се прифатив сам себеси, музиката почна да извира од мене “.[33] Во 1989 год, Кравиц потпиша со Вирџин Рекордс. Кравиц го издаде својот деби албум “Let Love Rule” на 6 септември 1989 год, комбинација од рок и фанк, и основни вибрации од 60 те години. Музичките критики беа различни : некои мислеа дека Кравиц е новиот талентиран уметник, а некои дека е совладан од неговите музички влијанија. Албумот доживеа умерен успех во САД, но огромен успех надвор од САД, посебно во Европа. Лиза Бонет се појави во неговиот спот за песната „Let Love Rule” .

1991 -1996 Стекната популарност

уреди

Во 1990 год, заедно со Ингрид Чавес ја напишаа и продуцираа песната на Мадона „Justify My Love “.[11] Песната што се појави на нејзиниот албум со најголеми хитови The Immaculate Colltionec , И предизвика дискусии поради експлицитниот спот, се најде на првото место на топ листите. Кравиц се раздели со Лиза во 1991 год, помеѓу гласините дека тој и Мадона имаат афера. Кравиц демантираше секаква неверност.[34] Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год .

Во 1991 год, Кравиц го продуцираше истоимениот албум Ванеса Парадиз за француската пејачка Ванеса Парадиз. Тој свиреше на повеќето инструменти, И ги напиша повеќето песни на албумот. Тој го издаде и неговиот втор албум Mama Said , што е неговиот прв албум што стигнува до Топ 40. Песните на албумот се посветени на Бонет, документирајќи ја неговата депресија за нивното раскинување.[35] Најголемиот сингл дотогаш, “ It Ain’t Over Till It’s Over “, се искачи на 2ро место на Билборд Хот 100. Песната “Always On The Run “, вклучувајќи го И Слеш на гитара е направена со почит за неговата мајка.[35] Следеа : “ “ Stand By My Woman “ И “ What Goes Around Comes Around “. Шон Ленон ја напиша И ја свиреше на пијано “ 'All I Ever Wanted' “ .[11]

Во 1993 год ја пишува “ Line Up “ за Стивен Тајлер од Аеросмит, И се појавува во соло албумот на Мик Џегер, како И на обивката на соул класикот на Били Вајтерс Wandering Spirit, “Use Me “ . Таа година Кравиц исто работеше со неговите идоли Ал Грин И Куртис Мејфилд .

Во 1993 год, беше издадена Are You Gonna Go My Way , стигнувајќи до 2рото место на Билборд 200 И Кравиц доби Британска награда за најдобар меѓународен машки артист за 2004 год .

За време на настапот на МТВ Видео Музичките награди тој ја изведе песната на бас заедно со Џон Пол Џонс од Лед Цепелин. Следуваат повеќе песни од албумот како : “Believe", "Is There Any Love In Your Heart", и "Heaven Help/Spinning Around Over Youе. Во овој албум првпат се истакнува гитаристот Крег Рос, што исто така свири и во наредните албуми.[36] Песната “ Eleutheria “ е инспирирана од островот Елеутерија што се наоѓа на Бахамите, каде што во тоа време Кравиц изгради куќа и студио за снимање.[16]

Во 1994 год, Кравиц сними фанк – рок верзија на песната “Deuce “ за албумот на КИС, KISS My Ass . Траката го влучува Стиви Вондер на хармоника, како и следечки вокали. Овој сингл беше еден од трите радио песни од албумот, како И негова почетна песна .

Мајката на Кравиц, Рокси Рокер, почина од рак на дојка на 2 декември 1995 год, на возраст од 66 години, во Калифорнија .

Во 1995 год, Кравиц го издаде албумот Circus што беше 10 место на Билборд листата. Како и да е, албумот имаше само две хит песни : “ Rock and Roll Is Dead “ И “ Can’t Get You Off My Mind”

1997 – 2000 : Растечки успеси, првите 5 Греми награди

уреди

Во 1998, за првпат со 5 ( 5от студиски албум ), Кравиц вклучува дигитална технологија. 5 ја претставува неговата музика на поширока публика, благодарение на песната “ Fly Away “ што е вклучена во рекламите за производи на автомобили и на воздухопловните компании. 5 стигнува до 28то место на Билборд 200, а “ Fly Away “ на 1во место. Тој ја добива првата од четирите последователни Греми награди за Најдобра Машка Вокална Рок Изведба на Греми наградите во 1999 год.[37] Други хитови од овој албум се “ If You Can’t Say No “, што е исто така ремиксирана од денс продуцентот Брајан Трансо, И “ I Belong To You “. Во спотот за песната “ I Belong To You “ Лени може да се види без неговите суканици. Неговиот насловен хит “ American Women “ му донесе уште една награда на Греми наградите во 2000 год, а песната стекна нова публика. Оригиналната верзија на песната на Кравиц доаѓа од саундтракот на Аустин Поњерс: The Spy Who Shagged Me , и беше додадена на 5 како бонус песна во 1999 год .

Лени работеше на две песни за Мајкл Џексон за албумот Invincible, издаден во 2001 год, но тие песни уште не се издадени .

Во 2000 год, Кравиц го издава албумот Greatest Hits . Се покажа дека е негов најуспешен албум, достигнувајќи го 2то место на Билборд 200, И продавајќи се во околу 11 милиони копии насекаде низ светот, и конечно станува еден од најуспешните албуми на декадата. Песната “ “ Again “ му ја носи третата последователна Греми награда за Најдобар Машки Рок Вокал на Греми наградите во 2001 год.[37] Во овој период, Кравиц исто така ја пишува песната “ God Gave Me Everything “ со Мик Џегер, појавувајќи се на соло албумот на Мик Џегер “ Goddess in the Doorway “ И во филмот Да се биде Мик .

2001 -2005 Lenny и Baptism

уреди

Во октомври 2001 год, Лени го издава својот шести албум Lenny. Албумот е снимен во Мајами. Откако Мајамската полиција го застанала и му удрила шлаканица, додека одел во вежбалница, под сомнение дека неговиот опис се совпаѓа со ограбувач на банки, Лени ја пишува песната “ Bank Robber Man “. БидејЌи Лени во моментот немал лична иднетификација, полицијата не му верувала дека всушност тој е Лени Кравиц. Банкарскиот благајник, кој бил ограбен бил донесен таму, и изјавил дека Лени не е ограбувачот. Подоцна, Мајамската полиција испратила полицајци во домот на Лени за да му се извинат за задржувањето. Кога го прашале дали мисли дека инцидентот е резултат на расно идентификување, Лени одговорил дека не е сигурен . Првата песна од албумот “ Dig In “ се искачи на 1во место во Аргентина а на топ 10 во Италија и Португалија. Спотот за “ Dig In “ го доби четвртото Греми во 2002 год. "Stillness of Heart", "Believe in Me", и "If I Could Fall In Love" беа следните песни од албумот .

Кравиц беше предмет на фотогравската книга на главниот поранешен фотограф на Ролинг Стоунс, Марк Селџер. Објавена во ноември 2001 год, Селџер го сликал Ленин на турнеи, со семејството, со пријателите и позирани портрети .

Во 2002 год, Џеј Зи му понуди на Кравиц да се појави во песната “ Guns and Roses “. Кравиц исто така им се придружува и на П.Деди, Фарел, Лун за песната на саундтракот Bad Boys II, “Show Me Your Soul “.

Во септември 2002 год, Кравиц покрај уште една рок ѕвезда се појавува во епизодата “How I Spent My Strummer Vacation “ во Симпсонови. Во почетокот на 2003 год, како протест против нападот на Ирак, Кравиц ја издава песната “ We Want Peace “, само за симнување од интернет, тој ја изведува оваа песна заедно со познатиот Ирачки пејач Казем Ал Сахер, на Рок Воут. Песната се качува на прво место симнати песни од интернет во светот, МП3.cом симнати песни. Кравиц, исто така се појавува И на албумот на Олимписките игри во Атина 2004 год, Unity .

Кон крајот на 2004 год, Кравиц почнува да излегува со супер ѕвездата Никол Кидман и и ја посветува неговата хит песна “Lady “. Тие се разделуваат во 2005 год .

Седмиот албум на Кравиц Baptism беше издаден во 2004 год. Првиот сингл беше “ Where Are We Runnin “. Песната “California “ излезе дека е најуспешна, но “Storm “ со Џеј Зи се искачи на топ листите. “Calling All Angels “ постигна успех во повеќе земји, и стана огромен хит во Бразил, како И да е “ Lady “ стана изненадувачки хит стигнувајќи до UK 30 и доведувајќи го Baptism до златен статус. Исто така во 2004 год, се појавува во албумот на Н.Е.Р.Д ,Fly or Die. Од март 2005 год, Кравиц започна со светска турнеја која заврши во јули 2005 год во Академијата Брикстон, Англија. Кравиц настапуваше како прв на повлекувачката турнеја на Аеросмит во 2005 год. Турнејата почна на 30 октомври во Мохеган Сан Арената во Конектикат. На 29 октомври 2005 год, ноќта пред да почне турнејата почина ТВ продуцентот, Су Кравиц, татко му на Лени. За време на првиот настап, Лени ја соопшти веста пред скаменетата публика, изјавувајќи дека не е време за плачење, туку за славење затоа што неговиот татко е во рајот. Тогаш Лени ја посвети Let Love Rule на неговиот татко .Турнејата беше толку успешна, што беше продолжена до 25 февруари 2006 год, И заврши во Анахејм, Калифорнија .

2006-та Претставува :Live Earth и It Is Time For A Love Revolution

уреди

Во јануари 2006 год, со Breathe Кравиц се вклучува во проектот спонзориран од Вотка Апсолут. Оваа песна беше ремиксирана од десет различни продуценти, и објавена преку Интернет. Кравиц се појавува пред публиката на Мадона, на нејзината турнеја Confession Tour 2006, И тоа на повеќе настапи. Подоцна тој ќе и се придружи во живо на сцената на последниот од четирите концерти во Париз , свирејќи гитара на песната I love New York .

Подоцна, Кравиц основува дизајнерска фирма, Кравиц Дизајн, велејќи дека ако не бил музичар, би бил дизајнер. Кравиц Дизајн се фокусираат на внатрешен и мебелски дизајн, дизајнираат станбени простори, како и лустер наменет за кристалната компанија Сваровски кој бил наречен Ројал Казино.[38]

На 7 јули 2007 год, Кравиц настапи на Live Earth во Рио де Жанеиро[39] што го направи еден од најголемите меѓународни рок ѕвезди којшто направи два огромни бесплатни концерти на светски познатата Копакабана Плажа заедно со Мејси Греј и Ролинг Стоунс .

Кравиц веќе имаше настапувано таму, на 21 март 2005 год, на негов концерт забавувајќи 300.000 луѓе .

Кравиц доста време потроши снимајќи го неговиот последен албум It is Time For A Love Revolution, издаден на 5 февруари 2008 год. Уште еден албум Funk е закажан за издавање за 2009 год. Изгледа дека ова е проект на кој Кравиц работи од 1997 год. Некои од оригиналните песни за Funk се снимани додека бил во Њу Орлеанс, во студиото на Ален Тузен, додека неколку месеци се одмарал од снимањето во Њујорк .

На 25 септември 2007 год ,беше издаден албумот во спомен на Фетс Домино Goin’Home ;A Tribute to Fats Domino . Заедно со Рибрт Брес Бенд, Трој “ Тромбон шорти “ Фред Вејсли, Пи Ви Елис и М.Паркер, Кравиц се најде на песната Whole Lotta Lovin .

На 25 ноември 2007 год ,Кравиц настапи на полувремето на купот Греј во Роџерс Центарот, Торонто, каде што победија Саскачеван Руграјдер.[40]

Оригиналниот спот за I’ll be Waiting се снимаше во Централ Парк во Њујорк, режирано од страна на Марк Веб, но подоцна ова видео беше одложено, И беше снимена нова верзија во студиото за снимање на Лени во Њујорк, режирано од Лени и Филип Енделмен. Спотот беше промовиран на Vh1, и котираше на 3то место од топ 20 .

На 17ти јануари 2008 год, Кравиц започна со мини турнеја од 9 градови, за да го промовира неговиот нов албум It is Time For A Love Revolution .[41] Турнејата започна во Св. Моника, Калифорнија а заврши на 1 февруари во Њујорк. Турнејата беше направена под името Get on the Bus во соработка со My Space. На секое застанување од турнејата, до нејзиниот крај, тие собираа во нивниот автобус по еден победник од натпреварите. Стивен Тајлер од Аеросмит, близок пријател на Лени, настапи во Орфеум театарот во Бостон. На 11ти февруари 2008 год, Кравиц е однесен во болница, разболувајќи се од бронхитис. Тој од почетокот на јануари имаше повеќе серии на дишни инфекции што се развиле во бронхитис. Поради болеста, Кравиц беше принуден да ги откаже турнеите за промовирање на неговиот албум во Канада и Европа. На 19 март 2008, поради истата болест, тој ги откажа турнеите во Јужниот дел на Америка. Одложувањето влијаееше и на планираните концерти во Колумбија, Мексико, Бразил, Чиле и Аргентина. Во Аргентина, Кравиц настапуваше на најголемиот рок фестивал таму, Килмес Рок Фест .

На 15 јули, Кравиц беше награден со наздравувачка церемонија во Милано, Италија, за неговата работа во Милениумската Кампања на Обединетите Нации за прекинување на светската сиромаштија.[42]

Кравиц првпат глумеше во Precious,[43] што својата премиера ја доживеа на Санденс Филмскиот Фестивал во јануари 2009 год.[44]

Лени Кравиц ќе пее во првиот соло албум на Слеш којшто треба да излезе ова лето, 2009 год .

Дискографија

уреди

Албуми

уреди

Сите албуми се издадени од Вирџинс Рекордс Америка

Година Албум Светска продажба

1989 Let Love Rule 2 милиони

1991 Mama Said 3 милиони

1993 Are You Gonna Go My Way 4 милиони

1995 Circus 1,5 милиони

1998 5 6 милиони

2000 Greatest Hits 11 милиони

2004 Baptism 1, 5 милиони

2008 It Is A Time For A Love Revolution 1, 1 милион

2011 Black and White America

2014 Strut

2018 Raise Vibration

2024 Blue Electric Light

Видеографија

уреди

1991 год Видео ретроспектива

1994 год Лени Кравиц во живо од Планет Ерт

2002 год Лени во живо

2008 год It Is Time For A Love Revolution

Филмографија

уреди

Година Филм Улога

1998 The Roograts Movie Новороденче

2001 Being Mick Самиот

2001 Zoolander Самиот

2009 Precious Џон

Турнеи

уреди

Листата не е комплетна :

  • Universal Love Tour
  • Circus Tour
  • The Freedom Tour
  • Lenny Tour
  • The Baptism Tour
  • Electric Church Tour: One Night Only
  • Get On The Bus Mini-Tour
  • Love Revolution Tour
  • LLR 20(09) Tour

Награди

уреди

Листата не е комплетна :

МТВ Видео Музичките награди

1993 год Најдобро Видео во машка категорија ( Are You Gonna Go My Way ) Британските награди

1994 год Меѓународен машки изведувач

Vh1 /Вог модните награди

1998 год Најмодерен артист /во машка категорија Греми награди

1998 год Најдобра рок вокална интерпретација Fly Away

1999 год Најдобра рок вокална интерпретација American Woman

2000 год Најдобра рок вокална интерпретација Again

2001 год Најдобра рок вокална интерпретација Dig In

Музички радио награди

2001 год Артист на годината

My VH1 награди

2001 год Најдобар ма[ки Артист

Blockbuster Entertainment награди

2001 год Најдобар машки рок артист

Американските музички награди

2002 год Најдобар поп/рок машки артист

Microsoft Windows Media Innovation награди

Наводи

уреди
  1. „Famous birthdays for May 26: Lenny Kravitz, Stevie Nicks“. UPI (англиски). Архивирано од изворникот на July 6, 2018. Посетено на 2018-07-06.
  2. Saval, Malina (October 26, 2018). „Lenny Kravitz: 'I Never Wanted to Be a Star; I Wanted to Be a Musician'. Variety. Архивирано од изворникот на January 27, 2021. Посетено на January 19, 2019.
  3. „Lenny Kravitz Considers the Unforgettable People Who've Helped Color His World“. BlackBook. August 29, 2011. Архивирано од изворникот на November 23, 2012. Посетено на January 19, 2019. Lenny Kravitz: Later my mother told me, "Look, I'm African-American and your father is a Russian Jew, and you should be proud of both sides, neither more than the other."
  4. „Lenny Kravitz On Race, 'Raise Vibration' And Duetting With Aretha Franklin“. NPR. August 22, 2018. Архивирано од изворникот на August 23, 2019. Посетено на January 18, 2019. [Lenny] Kravitz: "Well, Brooklyn was just - I had Jewish grandparents - Russian Jews that were in Sheepshead Bay."
  5. Samuels, Allison (January 9, 2002). „CROSSING OVER“. Newsweek. Архивирано од изворникот на January 19, 2019. Посетено на January 19, 2019.
  6. Simon, Scott (February 12, 2005). „Lenny Kravitz Takes Spiritual Turn on 'Baptism'. NPR. Архивирано од изворникот на October 17, 2020. Посетено на February 15, 2018.
  7. „Lenny Kravitz: Mr Love“. The Independent. May 7, 2004. Архивирано од изворникот на May 8, 2018. Посетено на May 8, 2018.
  8. Marlow Stern (August 29, 2011). „Lenny Kravitz's 'Black & White' Album: Funk, Soul & R&B, With Jay-Z“. The Daily Beast. Архивирано од изворникот на April 3, 2012. Посетено на March 31, 2012.
  9. Heawood, Sophie (January 25, 2008). „The face“. The Times. London. Архивирано од изворникот на January 20, 2019. Посетено на May 7, 2010.
  10. Harrison, Donald H. (April 13, 2001). „Did anti-Semitism block medal for rocker's namesake?“. San Diego Jewish Press-Heritage. Архивирано од изворникот на September 28, 2011. Посетено на September 25, 2011.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Sandall, Robert (5 March 1991). „Fancy Seeing You here!“. Q Magazine. 55: 50–52.
  12. Hosley, Steve (October 15, 2014). „Spotlight: Lenny Kravitz“. Michigan Chronicle. Архивирано од изворникот на May 22, 2018. Посетено на May 21, 2018.
  13. Henderson. (2002).
  14. Hodgkinson, Will (July 5, 2002). "Home entertainment: Lenny Kravitz Архивирано на 7 јануари 2008 г.". The Guardian.
  15. Phull, Hardeep (September 27, 2014). „Lenny Kravitz: My childhood New York“. New York Post. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на May 8, 2018. Lenny Kravitz: "It was my fifth birthday and my parents took me to see Duke Ellington here. At the sound check, I sat on his lap and during the show, he and his band played ‘Happy Birthday’ to me."
  16. 16,0 16,1 Norment, Lynn (June 1994).
  17. Hosley, Steve (November 20, 2012). „NEW AGAIN: LENNY KRAVITZ“. Interview Magazine. Архивирано од изворникот на April 1, 2021. Посетено на May 21, 2018. Lenny Kravitz: "My dad was a producer on the side. I think he did one of Patti Austin’s first recordings, when she was around 13 years old. My dad used to take me to jazz concerts. I got to sit on Duke Ellington’s lap when he played."
  18. 18,0 18,1 18,2 Hodgkinson, Will (July 5, 2002).
  19. Evans, Mia "The Faith of Zoro Архивирано на 30 мај 2016 г.".
  20. „Lenny Kravitz Honors Late Mother Roxie Roker in New Memoir Let Love Rule : 'I Was a Mama's Boy'. October 2020.
  21. 21,0 21,1 Wright, Christian (July 1990). „Let Lenny Rule“. SPIN Magazine. стр. 62. Архивирано од изворникот May 31, 2021. Посетено на December 23, 2019.
  22. 22,0 22,1 „Lenny Kravitz On His Post-Divorce Relationship With Lisa Bonet: We're 'Best Friends'. Huffington Post. June 2013. Архивирано од изворникот на May 18, 2015. Посетено на May 9, 2015.
  23. Празен навод (help)
  24. „Zoe Kravitz. Alternate Name: Zoe Isabella Kravitz“. Movies & TV Dept. The New York Times. 2011. Архивирано од изворникот на July 9, 2011. Посетено на April 19, 2014.
  25. „Vanessa Paradis: ses confidences sur sa relation avec Lenny Kravitz“. Gala.fr (француски). December 11, 2019. Архивирано од изворникот на December 23, 2019. Посетено на December 23, 2019.
  26. „Lenny Kravitz: "J'étais fou amoureux de Vanessa Paradis"...“. Pure People (француски). April 15, 2009. Архивирано од изворникот на December 23, 2019. Посетено на December 23, 2019.
  27. 27,0 27,1 27,2 „A princesa da moda“. ISTOÉ Gente (португалски). August 18, 2003. Архивирано од изворникот на August 1, 2017. Посетено на November 24, 2016.
  28. „Movie Moguls Let Fur Fly, Too“. New York Post. November 17, 2002. Архивирано од изворникот на September 3, 2012. Посетено на March 7, 2009.
  29. „Nicole Kidman reveals engagement we never knew about“. NewsComAu (англиски). Архивирано од изворникот на July 5, 2021. Посетено на February 17, 2017.
  30. Stevenson, Jane (February 5, 1996). „Bursting rock's balloon“. Jam!/Canoe. Архивирано од изворникот на July 13, 2012. Посетено на November 29, 2007.
  31. Pepper, Tracey (1998). „Lenny's 5“. Lenny-kravitz.com. Архивирано од изворникот на January 3, 2013. Посетено на November 29, 2007.
  32. „The New Cool: Karl Denson talks Kravitz, Stones, Skerik, Sexual Chocolate and his new album“. Knkx.org. March 15, 2019. Посетено на February 15, 2022.
  33. Henderson.
  34. "Behind The Music: Lenny Kravitz". (1999).
  35. 35,0 35,1 Norment, Lynn (June 1994). "Lenny Kravitz: brother with a different beat – musician". Ebony. Retrieved on August 19, 2007.
  36. „Lenny Kravitz Guitarist Craig Ross Studio Musician Resources and Information“. Craigross.net. Архивирано од изворникот на July 4, 2010. Посетено на July 19, 2021.
  37. 37,0 37,1 „GRAMMY Award Results for Lenny Kravitz“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на June 13, 2020. Посетено на December 23, 2019.
  38. Marin, Rick (July 21, 2005).
  39. „Live Earth on MSN: The Concerts For A Climate In Crisis“. Liveearth.msn.com. Архивирано од изворникот на October 7, 2008. Посетено на September 25, 2011.
  40. [1] Архивирано на 30 октомври 2007 г.
  41. Vozick-Levinson, Simon (July 13, 2007).
  42. „| PEOPLE.com“. September 17, 2018. Архивирано од изворникот на September 17, 2018.
  43. Fleming, Michael (October 29, 2007). „Lee Daniels to direct 'Push'. Variety. Архивирано од изворникот на August 16, 2010. Посетено на April 20, 2020.
  44. McCarthy, Todd (December 3, 2008). „Sundance unveils competition lineup“. Variety. Архивирано од изворникот на December 5, 2008. Посетено на April 20, 2020.

Надворешни врски

уреди