Патра или Патрас (грчки: Πάτρα) е трет по големина град во Грција и главен град на периферијата Западна Грција и округот Ахаја. Се наоѓа во северниот дел на полуостровот Пелопонез, на брегот на Патраски Залив, 215 километри западно од главниот град Атина.

Патра
Πάτρα
Поглед на Патра од тврдината
Поглед на Патра од тврдината
Патра is located in Грција
Патра
Патра
Местоположба во областа
2011 Dimos Patreon.png
Координати: 38°15′N 21°44′E / 38.250° СГШ; 21.733° ИГД / 38.250; 21.733
ЗемјаГрција
РегионПелопонез
ОбластЗападна Грција
ОкругАхаја
Населби11
Управа
 • ГрадоначалникКостас Пелетидис (KKE)
Површина
 • Општина333,1 км2 (1,286 ми2)
Најг. вис.&1000000000000001000000010 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.213.984
 • Општ. густина64/км2 (170/ми2)
 • Општ. един.171.484
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.26x xx
Повик. бр.261
Рег. таб.ΑΧ,AZ
Мреж. местоe-patras.gr

Метрополитската област на Патра со над 280.000 жители е трета по големина во Грција, го вклучува градот и голем број на општини и населени места долж заливот.

Патрас беше прогласен за европска престолнина на културата 2006.

Природни услови

уреди

Градот Патрас се наоѓа на крајниот северен дел на грчкиот полуостров и историска провинција Пелопонез, на местото каде што полуостровот најмногу се доближува до копното на Грција. Градот е приморски кој излегува на Патраски Залив и тоа на неговиот краен источен дел, во близина на теснецот на Рио-Антирио (7 км), каде што се надоврзува Коринтски Залив. Градот и неговата околина спаѓаат во деловите на Грција со најголема сеизмичка активност.

Брегот на Патрас не е широк, и недалеку од него се издига планината Панахаико (1926 м). Ова предизвика поделба на градот на долен и горен, поврзан еден со друг преку скали. Горниот град е постар и има зачувана тврдина. Долниот дел се појави во текот на изминатите 200 години, на некогаш мочурливата област и е тесно поврзан со пристаништето. Двата дела на градот се развиле околу малите реки и Глафкос и Харадрос.

Патра има средоземна клима, со топли и долги лета и благи и врнежливи зими. На околните планини зимата е поостра.

Историја

уреди
 
Црквата „Св. Андреј“ во Патра

Најстарите археолошки наоди од областа на Патрас укажуваат на тоа дека областа е населена уште од праисториско време (трет милениум п.н.е.). Позначајни населби се појавија за време на микенската цивилизација (1580-1100 п.н.е.). Населбата во тоа време ја населиле Ахајците. Тоа не играло значајна улога за време на Стара Грција, но во времето пред доаѓањето на Римјаните прерасна во развиено пристаниште. Потоа градот станал седиште на т.н. "Ахајска лига". По римското освојување на градот 146 п.н.е. ја задржува позицијата на важен град во провинцијата Ахаја. Исто така, градот бил еден од првите места на христијанизацијата на Европа.

Население

уреди

Патра има околу 230.000 жители во градот и околината, додека само градот 171.000. Населението се главно етнички Грци, иако во последните децении се доселиле многу странци. Голем Патрас (градот со предградијата) е трет по големина во целата земја. За него е карактеристичен издолжениот облик, 25 км долг. Најбрз раст имаат предградијата на запад, каде што приморските рамнини се многу пошироки.

Надворешни врски

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.