Малезија на Олимписките игри

Малезија првпат учествувала на Олимписките игри во 1964 година, и испратиле спортисти да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри оттогаш, со исклучок на игрите во 1980 година во Москва. Малезија никогаш не се натпреварувала на Зимските олимписки игри.

Малезија на Олимписките игри

Знаме на Малезија
МОК-код  MAS
НОК Олимписки совет на Малезија
Порталwww.olympic.org.my (англиски)
Олимписка историја
Летни олимпијади

*Како Малаја

Младински олимписки игри

Други поврзани настапи
Северно Борнео (1956)

Малајската Федерација (сега се сосотои од западните држави на западна Малезија) се натпреварувале како Малаја (MAL) на игрите во 1956 и 1960 година. Денешната држава Сабах испратила независна екипа на игрите во 1956 година како Северно Борнео, и Сингапур исто така се натпреварувал на игрите од 1948 до 1960 година. Подоцна Британските колонии ја создале независна Малезија во 1963 година, и се натпреварувала на Олимписките игри за првпат под ова име во 1964 година. Сингапур последователно ќе се стекне со независност од Малезија во 1965 година и ќе се натпреварува на игрите како Сингапур од 1968 година.

Малезиските спортисти имаат освоено вкупно 6 медали, во бадминтон и скокови во вода.[1]

Националниот олимписки комитет за Малаја бил создаден во 1953 година и признаен од МОК во 1954 година. Од него подоцна произлегува и Националниот комитет на Малезија.

Список на медалисти

уреди
Медал Име Игри Спорт Настан
  Бронзен Разиф Сидек / Џалани Сидек   Барселона 1992   Бадминтон Мажи двојки
  Сребрен Чеа Сун Кит / Јап Ким Хок   Атланта 1996   Бадминтон Мажи двојки
  Бронзен Рашид Сидек Мажи поединечно
  Сребрен Ли Чонг Веи   Пекинг 2008   Бадминтон Мажи поединечно
  Сребрен Ли Чонг Веи   Лондон 2012   Бадминтон Мажи поединечно
  Бронзен Панделела Ринонг   Скокови во вода Жени 10 м платформа

Табели со медали

уреди

Медали на Летните олимписки игри

уреди
Игри Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
  Барселона 1992 - - 1 1 54
  Атланта 1996 - 1 1 2 58
  Пекинг 2008 - 1 - 1 70
  Лондон 2012 - 1 1 2 63
  Рио 2016 „иден настан“
  Токио 2020 „иден настан“
Вкупно - 3 3 6 +100

Медали по летни спортови

уреди
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
  Бадминтон - 3 2 5 5
  Скокови во вода - - 1 1 21
Вкупно - 3 3 6 +100

Повеќекратни медалисти

уреди

Малезиски спотисти кои освоиле повеќе од еден медал на Летните олимписки игри.

Бр. Спортисти Спорт Олимпијада Златни Сребрени Бронзени Вкупно
1 Ли Чонг Веи Бадминтон 2008-2012 0 2 0 2

Легенда
  • СР = Светски рекорд
  • ИР = Рекорд на игрите
  • = Азиски рекорд
  • ДР = Државен рекорд

Вид Спорт Настани Спортист / Екипа Игри Резултат
ДР Пливање Жени 200 м градно Сиу Ји Тинг Пекинг 2008 2:27,80
ДР Атлетика Мажи 200 м Мани Јегатесан Мексико 1968 20,92

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Previous Olympic Games Medal Tally" Архивирано на 7 август 2013 г., Olympic Council of Malaysia

Надворешни врски

уреди
  • „Olympic Medal Winners“. MOK. Посетено на 20 December 2007.
  • „Olympic Council of Malaysia“. International Olympic Committee. Посетено на 8 August 2011.