Либан на Олимписките игри

Либан' првпат учествува на Олимписките игри во 1936 година кога делегација присуствувала на игрите во Берлин.[1] По создавањето на Либанскиот олимписки комитет во 1947 година, Либан за првпат учествувал на Олимписките игри во 1948 година, и имаат учествува на сите Летни олимписки игри оттогаш со исклучок на оние од 1956 година. Либан е една од трите земји кои ги бојкотирале игрите во 1956 година како знак на протест поради замешаноста на Британија и франција во Суецката криза.

Либан на Олимписките игри

Знаме на Либан
МОК-код  LIB
НОК Либански олимписки комитет
Порталwww.lebolymp.org
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади

Либан има учествувано и на повеќето Зимски олимписки игри од 1948 година, неучествувајќи само на игрите во 1994 и 1998 година.

Либан исто така има учествувано и на првите Младински олимписки игри во Сингапур во 2010 година.

Либанските спортисти имаат освоено вкупно четири медали, три во борење грчко-римски стил и еден во кревање тегови.

Националниот олимписки комитет на Либан во 1947година и бил признат од страна на МОК во 1948 година.

Либански медалисти

уреди
Медали Име Игри Спорт Настан
  Сребрен Закарија Чиаб   Хелсинки 1952 Борење Мажи грчко-римски стил банта
  Бронзен Калил Таха   Хелсинки 1952 Борење Мажи грчко-римски стил велтер
  Сребрен Мохамед Тарабулси   Минхен 1972 Кревање тегови Мажи средна категорија
  Бронзен Хасан Бехара   Москва 1980 Борење Мажи грчко-римски стил супертешка

Медали по спортови

уреди
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Борење 0 1 2 3
Кревање тегови 0 1 0 1
Вкупно 0 2 2 4

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Syria, Lebanon, and Jordan By Britannica Educational Publishing
  • „Olympic Medal Winners“. МОК. Посетено на 2007-12-20.
  • „Lebanese Olympic Committee“. International Olympic Committee. Посетено на 2011-08-08.