Ираклион или Хераклион или Ираклио (грчки: Ηράκλειο, италијански: Candia) е главен град на округот Хераклион во рамките на периферијата Крит. Тоа е најголемиот град во јужниот дел на Грција на нејзиниот најзначаен и најважен остров Крит.

Замокот во Ираклион, изграден од Венеција

Географска положбаУреди

Ираклион е сместен на северниот брег на Крит, на бреговите на Егејско Море. Подрачјето на градот е еден низинско за разлика од останатиот ридест дел на Крит и е најпогоден дел на островот за живеење.

ИсторијаУреди

 
Црквата Св. Матеј

Во близина на денешниот Ираклион се остатоците на палатата во Кносос, еден од главните центри на минојската цивилизација, која овде се развивала во 2 милениум п.н.е. Овие остатоци денес претставуваат важно археолошко наоѓалиште. Се верува дека денешната Ираклион во тоа време беше пристаниште на палатата, но понатамошни истражувања не се извршени.

СообраќајУреди

Ираклион, како еден од најголемите градови во Грција, има развиено градски и приградски сообраќај. Градот има важно пристаниште, кое ги поврзува градот со околните острови, како што се Родос, Санторини, но и со Израел и Египет. Патниот сообраќај е развиен и Ираклион е едно од местата на европскиот коридор Е-75. Овој коридор поминува низ сите важни градови на Крит.

Градот има меѓународен аеродром "Никос Казанѕакис", кој се наоѓа на 5 км источно од градот. Тоа е трет најфреквентен аеродром во земјата, благодарение на големиот број туристички одредишта на Крит и околината. Главниот проблем во врска со аеродромот е неговата близина до градот, поради што секојдневно се слуша големата бучава од авионите.

Надворешни врскиУреди