Химна на слободата

Химна на слободата (грчки: Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν, Ýmnos is tin Eleftherían) е поема напишана од Дионисиос Соломос во 1823 година, што се состои од 158 строфи. Музиката ја компонирал Николаос Манѕарос. Во 1865 година, првите три строфи, а подоцна првите две, официјално станале државна химна на Грција, а подоцна и на Република Кипар.

Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν
макед. Химна на слободата
Imnos eis tin Eleftherian
Нотите и текстот на химната

Национална химна на Грција и Кипар
ТекстДионисиос Соломос, 1823
МузикаНиколаос Манцарос, 1865
Усвоена1865 г. (Грција); 1966 г. (Кипар)
Звучен извадок
инструментална верзија

Во Уставот на Кипар од 1960 година не се спомнува ништо околу химната. По договорот направен меѓу двете етнички заедници на островот (грчката и турската), во официјални околности, некое дело од класичната музика требало да се изведува како химна. Сепак, по отфрлањето на измените и дополнувањата на Уставот предложени од Макариос III во 1963 година и граѓанската војна, турските претставници излегле од Владата. Ова резултирало со одлука на Советот на министри од 16 ноември 1966 година[1] Химна на слободата да се усвои како официјална химна на грчкиот дел на Кипар. Химна на слободата била и грчка кралска химна (од 1864 г.).

Музиката за химната била компонирана во 1865 година од страна на крфскиот композитор на опери Николаос Манѕарос, кој компонирал две хорски верзии, една долга (за целата поема) и кратка (за првите две строфи). Подоцна кратката верзија е прифатена за државна химна на Грција.

Оваа химна се изведува на секоја завршна церемонија на Олимпијадата, со што и се оддава почит на Грција како на лулка на древните Олимписки игри.

Текст

уреди

грчки

Σε γνωρίζω από την κόψη,
του σπαθιού την τρομερή,
Σε γνωρίζω από την όψη,
που με βια μετρά[ει] τη[ν] γη.

Απ' τα κόκαλα βγαλμένη,
των Ελλήνων τα ιερά,
Και σαν πρώτα ανδρειωμένη,
χαίρε, ω χαίρε Ελευθεριά.

изговор

Se gnorízo apó tin kópsi,
tou spathioú tin tromerí,
Se gnorízo apó tin ópsi,
pou me viá metrá[i] ti[n] yi.

Ap' ta kókala vgalméni,
ton Ellínon ta ierá,
Ke san próta andrioméni,
hére, o hére, Eleftheriá!

македонски (поетски превод)

Секогаш ќе те познавам
по смртоносниот меч што го држиш,
како земја, со јасна визија,
не надгледуваш со храбар дух.

Смртта на Грците од дамнина
го создала нашиот слободен дух.
Сега, во новиот раст на древната сила,
те поздравуваме тебе, Слободо!

Наводи

уреди
  1. „Presidency of the Republic of Cyprus - The National Anthem“. Архивирано од изворникот на 2011-08-21. Посетено на 3 мај 2011.