Јанка Каневчева
Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) — македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.[1]
Јанка Каневчева | ||
![]() | ||
Родена | 11 јуни 1878 Охрид, денес во Република Македонија | |
---|---|---|
Починала | 3 март 1920 Софија, Бугарија | (возр. 41)
Животопис
уредиРодена во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев. Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓудругото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата. Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.[2]