Васил Мутафов
Васил Мутафов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.
Животопис
уредиМутафов е роден во 1868 година во Шумен во семејството на револуционерите Хаџи Нано (Некои од Нако Мутафов) од Шумен, бил доброволец во Српско-турската војна во 1876 и ополченец (доброволец) во Руско-турската војна од 1877-1878 година [1]. Во 1887 година завршува со одличен успех во Шуменската гимназија, а во 1890 година при Военото училиште во Софија со чин подпоручик. Служи во 5-от артилериски полк и во тврдинскиот баталјон во Шумен и Видин. Го добил чинот поручникот.
Учествува во подготовка на Мелничкото востание од 1895 година. Васил Мутафов влегува во Струмичка дружина од 160 лица, на чело со поручникот Петар Начев, која треба да ја нападне Струмица и да ги уништи тамошните артлериски сили. Струмичката дружина ја минува границата кај Царево село на 18 јуни. Поручникот Начев се разболува и се самоубива, а командата ја презел Васил Мутафов. На 21 јуни во селото Карагозли, дружината води борба и дава жртви. Друга голема борба се разврзува кај селото Сушица, која траела цел ден, и во кое паѓаат осум души. Во селото Габрово, дружината била опколена и по тешката борба бил извршен пробив, при што загинале десет души, а дел од четниците се разбегале. На 7 јули 1895 година Струмичка дружина води борба кај селото Дебочица во кое загинува поручникот Мутафов, а командата ја презел опоручникот Јордан Венедиков и се повлекол со преживеаните 75 души кон Бугарија.
Мутафов пишува стихови, а дел од нив се објавени посмртно во 1942 година [2][3].
Извори
уреди- ↑ Илюстрация Илинден, 1943, бр.142, стр. 9
- ↑ Биографични данни от библиотека на ВМРО-София[мртва врска]
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 111.