Георги Баждаров — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Георги Баждаров
Роден 8 февруари 1881
Горно Броди, Серско, Отоманско Царство
Починал 19 септември 1929
Варна, Бугарија

Животопис

уреди

Македонска револуционерна организација

уреди

Георги Баждаров е роден на 8 февруари 1881 во серското село Горно Броди, тогаш во Отоманското Царство. Образование добива во Солунската машка гимназија (1896 - 1899) и Битолската гимназија (1899 - 1900), каде што заедно со Трпен Марков, Андреј Кезепов, Ѓорѓи Христов и Георги Тодоров формира ученички револуционерен кружок на Бугарското тајно револуционерно братство, на чело со Марков.[1]

 
Зборната серска чета во февруари 1903 година во пештерата Капе во близина на селото Крушево, Серско. Во првиот ред е Демирхисарската чета. Баждаров е четврти лево кон десно.

Учителствува во селото Крушево, Демирхисарско во 1900 - 1901 година и е член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. По 1901 година е четник при Јане Сандански, од мај 1902 до октомври 1903 година е секретар во четата на Иљо Крчовалијата, а подоцна во четата на Атанас Тешовалијата. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ.[2] Учествува во Илинденското востание.

По востанието се населува во Бугарија и во 1906 година завршува историја и географија на Софискиот универзитет.

По Младотурската револуција во 1908 година учителствува во Солунската егзархиска гимназија (1908 - 1913) и е меѓу основачите на Сојузот на бугарските уставни клубови и е член на градското биро на партијата во Солун. Учествува во основачкиот конгрес на Сојузот на бугарските наставници во Отоманското Царство во 1909 година и учествува на неговиот втор конгрес во 1910 година. Уредник е на весниците „Учителски глас" (1910 - 1912) и „Искра" (1911 - 1912) [3].

По Втората балканска војна во 1913 година се населува во Софија. Од 1913 до 1915 година е учител во Варна, а од 1915 - 1916 и од 1918 до 1920 - во Софија. Автор е на „Револуционерната борба во Македонија“, издадена во 1917 година.

ВМРО

уреди
 
Корица на „Горно Броди“.

По создавањето на ВМРО е избран за член на Задграничното претставништво, а во 1925 година на Шестиот конгрес во селото Србиново е реизбран на истата функција, заедно со Наум Томалевски и Кирил Прличев. Тој е еден од противниците на преговорите со комунистичките сили и во 1924 година се противи на Мајскиот манифест. Сепак, општо е прифатено дека „без оглед за која концепција се залагал, Баждаров недвојбено својот живот го посветил на борбата за македонската слобода“.[4]

Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот „Македонија“. Во 1923 година ја издава книгата „Духот на Македонија“.

Баждаров е еден од основачите на Македонскиот научен институт и неговиот потпретседател. Уредник е на списанието „Македонски преглед“. Во 1929 година ја издава книгата „Горно Броди“, прв и трет том од „Спомени“ во 1929 година, а вториот останува за подоцна. Како што самиот вели:

Втората книга од спомени оставам да ја напишам по третата, бидејќи третата е поважна, а поучна. Ако сум жив, ќе го напишам потоа и вториот дел (1903 - 1918 година).

Баждаров станува жртва на братоубиствената борба во ВМРО. Убиен е од страна по наредба на бугароманот Иван (Ванчо) Михајлов,[5] како поддржувач на Александар Протогеров на 19 септември 1929 година во Варна, а во текот на атентатот еден од телохранителите загинува, а двајца се ранети. Според Георги Поп Христов организатор на убиството е Пандил Шишков, поради што и тој бил ликвидиран во знак на одмазда.

Творештво

уреди

Наводи

уреди
  1. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.
  2. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 450.
  3. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 388.
  4. Ачкоска, Виолета (2015). Ѓорѓи Баждаров. Скопје: Филозофски факултет. стр. 13.
  5. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 57. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)