Анархија (грчки: ἀναρχίᾱ anarchíā, „без владетел“) означува одредена политичка состојба, најчесто овој поим означува отсуство на јавно призната влада или друг политички авторитет подолг временски период.[1][2] Кога се користи во оваа смисла, анархија може[3] но не мора[4] да значи политички неред или беззаконие во едно општество. Во друга пак смисла, анархија не мора да значи комплетно отсуство на некој авторитет или политичка организација, туку да означува состојба во општеството каде владее апослутна непосредна демократија[5] или либертарианизам.[4]

Општествени уредувања

Дел од темата Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Уставна република со елементи
на непосредна демократија
Портал Политика · уреди

Анархија е облик на опшествено уредување во кое се настојува да се анулира секоја форма на наметнат авторитет. Анархистите веруваат во човековата природна способност на самоконтрола. Постоењето на опшествени правила и договори априори не се исклучува во ваквии опшества, битно е тие правила и договори слободно да ги одреди и прифати заедницата на која истите се однесуваат и да не се наметнати одозгора, како што се случува во опшества каде едни луѓе имаат поголема моќ од другите.

Низ историјата имало низа на примери на опшества засновани на анархистички принципи.

  • Париската комуна од 1871 година најверојатно била првиот обид за анархистичко опшествено уредување кој имал глобално влијание, според Михаил Бакунин еден од најголемите анархистички теоретичари.
  • За време на Граѓанската војна во Шпанија, работниците членови на анархосиндикалните организации како што бил ЦНТ во Каталонија и Арагон ја докажале делотворноста на самоуправувањето во јавниот превоз, производните индустриски претпријатија, како и во земјоделието каде што била остварена колективизација на земјата запленета од големопоседниците. Во некои случаи дури била укината и приватната сопственост. Но целиот овој процес на изградба на анархистичко опшество било прекинат пред сè поради воениот пораз, имено покрај тоа што анархистите се бореле против националистите и фашистите под водство на Франко (кој има поддршка од Фашистичка Италија и Нацистичка Германија), анархистите морале да се бранат и од Комунистичката партија, која пак имала силна поддршка од Сталин.

Зборот анархија често погрешно се користи како поим за хаос и неред, но во исто време анархистичката идеја е прифатена од голем број на интелектуалци, како што е Ноам Чомски од МИТ унивезитетот.

Анархијата е збир на антиавторитативни односи помеѓу поединци и заедници.

Анархистичкото опшество е засновано на слободни договори, на солидарност, слободно здружување, на федерации, на почитување на поединецот кој сака да учествува во сето тоа, придржувајќи се на принципот дека одлуките важат само за оние кои ќе се согласат да ги почитуваат. Во едно такво опшество, не постојат закони, наредби, давачки, принципи засновани на вољата на мнозинството, дискриминација, казни односно војната како метод на разрешување на споровите.

Сопственоста се зема како можност за користење на стварите за добробит на сите а не како можност на останатите да им се ускратат тие ствари. Анархистичкото опшество тежнее кон остварување на принципот „секому според можностите, секому според потребите“.

И во анархијата не е исклучен конфликтот помеѓу поединците или заедниците, само што во анархистичко опшество правдата не е повластица само на една институција, правдата се бара во изнаоѓање на спогодба, општа или поединечна, заедничка или поединечна, помеѓу луѓето. Несогласувањето и конфликтиот се сметаа за нормални и човечни

Анархистичкото опшество се заснова на поединецот и нејзината способност да создава. Според анархистичката теорија потребата за мир, правда и благосостојба не може да биде оправдување за постоење на јавни структури на моќ како што се државата и војската. Дури се преиспитуваат и поимите: семејство, училиште и работа.

Во анархистичкото опшество јасно се разликува организацијата од власта, авторитетот и хиерархијата, бидејќи истите даваат само привидна слобода и правда бидејќи се темелат на спротивното од слободата и правдата.

Анархистичкото опшество не е опшество на изнудена согланост туку опшество засновано на меѓусебни договори. Слободата раѓа слобода, Правдата раѓа правда, Насислството раѓа насилство.

Низ историјата познати се случаи на анархистички групи и поединци кои биле учесници во насилни манифестации, па дури и атентати. Еден од најпознатите примери е убиството на Умберто Савојски извршено од анархистот Гаетано Бреши, кој изјавил дека тоа го направил заради освета на илјадници невини жртви кои ги масакрирала кралската војска во Милано една година пред атентатот. Тој начин на делување се нарекува „пропаганда со дело“ и бил прилично популарен начин на делување на преминот од 19. во 20. век.

Подоцна овој начин на делување бил отфрлен сметајќи дека е повеќе штетен отколку полезен, и веќе стотина години не се практикува.

Анархијата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Анархија на продажба“ (англиски: Anarchy For Sale) - песна на американската панк-група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1986 година.[6]
  • „Сè уште верувам во анархијата“ (англиски: I still believe in anarchy) - песна на англиската панк-група The Exploited од 1980 година.[7]
  • „Верувам во анархијата“ (англиски: I Believe In Anarchy) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1981 година.[8]
  • „Анархија во Обединетото Кралство“ (англиски: Anarchy in the U.K.) - песна на англиската панк-група Секс пистолс (Sex Pistols) од 1977 година.[9]
  • „Анархист“ — песна на словенечката панк-рок група Панкрти.[10]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Decentralism: Where It Came From--Where Is It Going? (англиски)
  2. "Anarchy." Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 2004. The first quoted usage is 1667 (англиски)
  3. "Anarchy." Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 2004. The first quoted usage is 1552 (англиски)
  4. 4,0 4,1 "Anarchy." Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 2004. The first quoted usage is 1850. (англиски)
  5. anonymous. "fighting for our lives: an anarchist primer" CrimethInc. Black Writers' Bloc Fighting for Our Lives (англиски)
  6. Discogs, Dead Kennedys ‎– Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)
  7. YouTube, Oi! The Album - FULL ALBUM (пристапено на 24.8.2017)
  8. Discogs, The Exploited – Punks Not Dead (пристапено на 7.10.2022)
  9. Sex Pistols - Anarchy In The UK - YouTube (пристапено на 24.8.2017)
  10. YouTube, Novi Punk Val 78-80 (1981) Full Album (пристапено на 21.10.2021)