Устав на ТМОРО
Устав на ТМОРО — нормативен акт на Тајната македоно-одринска револуционерна организација донесен во 1896 година.
Полемики
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Поради недостаток на изворна протоколарна документација и поради контрадикторност во сведоштвата на основоположниците на ТМОРО, постојат извесни недоречености во врска со вториот устав на организацијата. Имено, бугарската историографија смета дека Уставот на ТМОРО бил донесен во 1902 година и дека тогаш организацијата го менува своето име во
„ | Тајна Македонско - Одринска Револуционерна Организација | “ |
а дотогаш се викала:
„ | Бугарски Македонско - Одрински Револуционерни Комитети | “ |
а првиот Устав бил донесен во 1896 година [1], меѓутоа Христо Татарчев јасно истакнува дека префиксот бугарска бил намерно изоставен од името на МРО и ЦМРК за да не се предизвика:
„ | тесноградиот национализам кај инородните народи[2] | “ |
Голем дел од македонските историчари сметаат дека одлука за менување на името на организацијата во Тајна македонско - одринска револуционерна организација е донесено на Солунскиот конгрес во 1896 година и дека било одлучено да се создаде нов Устав и нов Правилник.
Новиот Устав и Правилник бил изработен од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во Софија 1897 година [3].
Новиот Устав и Правилник биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година.
Уставот на ТМОРО се состои од 19 члена поделени во 4 глави.[4]
Некои од членовите
уреди„ | Член 1. Тајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. | “ |
„ | Член 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело. | “ |
Устав
уредиИзвори
уреди- ↑ П. Константин „Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093“, София, 1979, 68.
- ↑ Д-р, Христо Татарчев, „Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност“, София, 1995.
- ↑ Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција... 84.
- ↑ Устав на ТМОРО на викиизвор.