Банско (град)
8 207 |
|
E (BG) | |
Градоначалник | Александар Краваров (ВМРО-БНД) |
Надморска височина | 925 м |
Портал | http://www.bansko.bg/ |
Координати: | 41° 50′ С, 23° 30′ И |
- Оваа статија се однесува на градот Банско во Бугарија. За селото Банско во Македонија, видете Банско.
Банско (бугарски: Банско) — град во Пиринска Македонија, денес во Бугарија со 9190 жители, блиску до Разлог. Банско е родното место на Никола Вапцаров, како и на Неофит Рилски. Бугарските историчари тврдат дека Св. Паисиј Хилендарски исто така е родум од тука.[1][2] Градот е сместен на источните падини на планината Пирин и во неговата непосредна близина се наоѓа и ски-центарот кој го носи истото име. Во периодот на 1896 година Гоце Делчев учителствувал во Банско, но оттука бил протеран од градските големци поради својата сомнителна револуционерна дејност.
Туризам
уредиБанско e рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската - 1000 м. Градот е со наjголeма динамика на приватните инвестиции во туристичкиот дел на градовите во Бугарија и имало повеќе од 17 000 легла[3] за туристите во 2010.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2007-10-16.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2007-10-16.
- ↑ [1] (2010)
Надворешни врски
уреди- Скијачки центар Банско Скијачки центар
- Информациски портал на град Банско
- Банско Портал на града
- Хотели Банско - Бугарија
- Хотели в Банско
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |