Леништа

село во Општина Прилеп

Леништа или Лениште — село во Општина Прилеп од збиен тип, се дели на одавде и оданде маало. Се наоѓа североисточно од Прилеп, десно од патот Прилеп-Кавадарци. Од 1912 година за време на Првата балканска војна селото постепено се раселувало, најчесто во Прилеп. Масовно иселување се случило во периодот од 1961 до 1971 година.

Леништа

Црквата „Св. Петка“ во Лениште

Леништа во рамките на Македонија
Леништа
Местоположба на Леништа во Македонија
Леништа на карта

Карта

Координати 41°21′37″N 21°37′23″E / 41.36028° СГШ; 21.62306° ИГД / 41.36028; 21.62306
Општина  Прилеп
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20059
Леништа на општинската карта

Атарот на Леништа во рамките на општината
Леништа на Ризницата

До селото води асфалтиран пат. Над самото село се наоѓа манастирот „Св. Петка“. Соседни села се селата Плетвар и Селце.

Порано на гребенот источно од Леништа имало орман, имало истечни води кои повремено ги движеле селските воденици. Во дворот на манастирот се наоѓаат воденички камења.

Историја

уреди

Според едно предание, кое го запишал Марко Цепенков, селото Леништа го добило своето име според ленот кој го сееле жителите.[2]

Според преданијата Леништа го основале жителите на соседното раселено село Заполошко пред околу 170 години. Обработливото земјиште на Леништа во поголемиот дел се наоѓа во атарот на тоа раселено село. Во турско обработливата земја претежно им припаѓала на селаните.

Во XIX век, Леништа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Географија и местоположба

уреди

Леништа се наоѓа на Дрен Планина, североисточно од градот Прилеп.

Топоними

уреди

Долни мост, Караманица, Врвот, Ливада, Бели камења, Ѓупски преслап, Ѓуле, Устрелец, Манастириште, Илино, Топташ, Ѓогдере, Маркова Чешма, Чумкот, Ралев Камен, Заполшки мост, Пешкојца, Плетварска река, Требеница, Крива Река, Коњарник, Сталеа Пештера, Попова нива, Заволчец, Црквиште, Шаторов Камен, Сарика, Гробот, Бара, Корија, Шута Врба и Мал Дом.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948442—    
1953449+1.6%
1961419−6.7%
1971265−36.8%
198140−84.9%
ГодинаНас.±%
19916−85.0%
19942−66.7%
20020−100.0%
20212—    

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леништа живееле 380 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Леништа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

  • 1921 година — 44 домаќинства
  • 1948 година — 75 домаќинства — 442 жители
  • 1954 година — 74 домаќинства — 449 жители
  • 1961 година — 92 домаќинства — 419 жители
  • 1971 година — 66 домаќинства — 265 жители

На пописот во 1994 биле попишани само двајца жители Македонци, а на пописот од 2002 година во селото Леништа не биле забележани жители.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 320 442 449 419 265 40 6 2 0 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Родови

уреди

Леништа било чисто македонско православно село, во селото имало и староседелски и доселенички родови.

Родови во селото се: Аџијовци (8 куќи), Димовци (6 куќи), Терзиовци (4 куќи), Анѓелевци (4 куќи), Апостоловци (2 куќи) Кочовци (2 куќи), Трајковци (1 куќа), Трпчевци (8 куќи) и Будевци (5 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Заплошко, во родот Будевци се знае следното родословие: Ѓоргија (жив на 84 г. во 1950-тите) Петре-Ристе-Јовче-Трпе, предокот кој се доселил; Стојановци (10 куќи), Богојевци (7 куќи), Шишковци (3 куќи) и Митревци (2 куќи) некогаш биле еден род, доселени се од мариовското село Вепрчани; Белушани (11 куќи) доселени се од сега албанското село Белушино кај Крушево, доселени се во 1878 година, дошол Стојче со неговите 5 синови; Домазетовци (1 куќа) најмлад род во селото, потекнуваат од домазет доселен од селото Беловодица.[12]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1425 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14]

Леништа е едно од трите избирачки места во Македонија со најмал број запишани избирачи само тројца. Дури и тие не живеат во селото, туку во Прилеп[15][16].

Општествени установи

уреди
 
Црквата Св. Петка во истоимениот манастир во Леништа.
 
Спомен-обележје Карпалак, во Леништа, во знак на почит кон учесниците во воениот конфликт 2001-2002 во Република Македонија[17][18]
  • Селската црква „Св. Атанасиј“, изградена е пред околу 100 години. Покрај црквата се наоѓаат и гробишта.
  • Манастир Св. Петка, во чиј состав се наоѓа црквата посветена на Св. Петка. Иконите во манастирот ги има изработено Благоја Атанасоски[19].
  • На патот кој води од селото до манастирот Св. Петка во август 2005 поставена е спомен плоча од страна на МО на РМ (инженериски полк) по иницијатива на здружението на резервни воени обврзници.

Настани

уреди

Селскиот панаѓур е на Св. Атанас Летен.

Акција за пошумување[20].

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни. 5. Скопје: Македонска книга. стр. 133. ISBN 8636900425.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Канал 5[мртва врска], Најмало и најголемо избирачко место, 31.05.2008
  16. А1 телевизија, Во Македонија има 145 сосема испустени села, 13.04.2005
  17. Вечер, ОДБЕЛЕЖАНА ШЕСТГОДИШНИНАТА ОД КОНФЛИКОТОТ КАЈ КАРПАЛАК, 9.08.2007
  18. Здружение на резервни воени обврзници 2001-2002 Архивирано на 2 октомври 2010 г., РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ, пристапено на 05.04.2010
  19. Нова Македонија[мртва врска], Живописувањето е божји дар, пристапено на 05.04.2010
  20. Министерство за животна средина и просторно планирање[мртва врска], Акција за пошумување во с. Лениште - Прилеп, 25.09.2005

Надворешни врски

уреди