Велко Думев
Атанас Петров Думев, познат како Велко, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.
Велко Думев | ||
Роден | 15 март 1869 Воден, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 2 декември 1945 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиРоден е 1869 година во Воден, тогаш во Отоманското Царство, денес Едеса, Грција. Студирал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Бил поставен за учител во Велес, каде влегол во Организација и го предводел околиски револуционерен комитет. Бил делегат на Солунскиот конгрес во 1896 година. Во 1897 година Думев бил учител во Сер, испратен од страна на Централниот комитет наместо Даме Груев за кој било решено да остане во Солун, таму развил револуционерна дејност.
Во 1898 година заминал за Бугарија и завршил словенска филологија во Софиското вишо училиште. Во 1900 година е назначен за учител во бугарската егзархиска гимназија во Скопје, а следната година е избран за претседател во Скопскиот окружен револуционерен комитет.
Во јули 1902 година се преселил во Едрене како наставник по бугарски јазик во Одринската бугарска гимназија по што станал претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Заедно со Михаил Герџиков разврзал активна дејност за развој на револуционерната мрежа во Одринско.
На Солунскиот конгрес од 1903 година, Думев е делегат на Одринскиот округ. Тој на конгресот истакнал дека Одринско не е подговено за востание. По конгресот заминал за Софија, заедно со Иван Гарванов, за да го анулираат Задграничното претставништво и останатите дејци за одлуката за кревање на востание. Во јуни бил потпретседател на конгресот на Петрова Нива. За време на Илинденското востание организира дотур на оружје од Софија.
По Илинденското востание учествувал на советувањата во Софија, на кои биле разгледани голем број на парашања. Учествувал во подготовката на Борис Сарафов и Михаил Герџиков во Италија, Франција и Англија, тие трбало да ја запознаен Европа со ситуацијата во Европска Турција, односно Македонија и Одринско. Во 1905 година Думев се вратил во Македонија и во април е избран за член на Битолскиот револуционерен окружен комитет.
По Младотурската револуција, Думев предавал бугарски јазик во Пловдив и Софија и работел како училиштен инспектор. При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година Думев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел при Прилепската дружина [1].
По војните, Думев работел во легалните македонски организации - член е на Националниот комитет на македонските добротворни братства и дружеството "Илинден". Учествувал во создавањето на Македонскиот научен институт и го уредувал весникот "Македонија ". Бил близок до михајловисткото крило во ВМРО.
По навлегувањето на бугарската војска на делови од Вардарска и Егејска Македонија во 1941 година, Думев постојано ги посетува овие делови од Македонија. Умирел на 2 декември 1945 година [2][3][4].
Статии од Велко Думев:
Извори
уреди- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.251.
- ↑ Енциклопедия „България“, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 53.
- ↑ Биографични данни от библиотека на ВМРО-София[мртва врска]