IV македонски конгрес
Четвртиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија се одржал од 15 до 21 јуни 1897 година.
Дел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Заседание и делегати
уредиКонгресот бил свикан поради оставката на Генералот Данаил Николаев. На Конгресот присуствувале 22 делегати од 20 македонски друштва.
Решенија
уредиПовторно биле разгледани односите помеѓу ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО, конгресот донел одлука, дека комитетот треба да се подготвува за востание во Македонија и дека треба да стапи во врска со ТМОРО.
Конгресот, покажал тенденција, за доближување до ставовите на ЦК на ТМОРО, посебно по прашањето за востанието. За претседател на комитетот бил избран кукушанецот Христо Станишев.
Сосема неочекувано за член ВМК бил избран Гоце Делчев. Подоцна писмено Делчев ќе го одбие изборот.[1]
Извори
уреди- ↑ Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција....,102.