Елешница (Разлошко)
Елешница — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Елешница | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°52′N 23°31′E / 41.867° СГШ; 23.517° ИГДКоординати: 41°52′N 23°31′E / 41.867° СГШ; 23.517° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Мехомија |
Површина | |
• Вкупна | 66,156 км2 (25,543 ми2) |
Надм. вис. | 761 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,424 |
• Густина | 22/км2 (56/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2782 |
Повик. бр. | 074207 |
Географија и местоположба уреди
Селото Елешница се наоѓа во јужното подножје на северозападниот родопски масив Белаки и по двата брега на долното течение на реката Златарица, притока на Места. Оддалечено е 16 километри источно од Мехомија, 17 километри источно од Банско и 24 километри јужно од Јакоруда. Селото се наоѓа на надморска височина од 701 метар.
Историја уреди
Покрај селото се открииени археолошки остатоци од населба која постоела уште во раниот неолит.
Покрај селото е откриена сребрена реликвија од VI век, а во ранохристијански натпис од месноста „Небуш“ се споменува локална црква, посветена на апостол Андреј Парвозани.[2]
Црквата „Свети Атанасиј“ е изградена во 1832 година.
Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис, Македонија“, Елешница е село со 260 македонски[3] куќи.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.650 жители, сите Македонци[3][5].
Стопанство уреди
Демографија уреди
Елешница е голема населба со намалување на бројот на население. Според пописот од 2011 година, во Елешница живееле 1.424 жители.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]
националност | број | % |
Бугари | 1.356 | 95,2 |
Роми | 12 | 0,84 |
Турци | / | 0 |
други | 8 | 0,56 |
не се самоопределиле | 3 | 0,21 |
не одговориле | 45 | 3,16 |
Вкупно | 1.424 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Елешница за периодот 1934-2011:[8]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 2.138 | 2.449 | 2.261 | 2.480 | 2.483 | 2.164 | 1.943 | 1.606 | 1.424 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Културни и природни знаменитости уреди
Редовни настани уреди
Личности уреди
- Ѓорѓи Поп-Атанасов (10 ноември 1940) - македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Надворешни врски уреди
Наводи уреди
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 173. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Разлогъ“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 193.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Елешница, общ. Разлог, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-06-12. Посетено на 2018-02-04.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |