Бугарско тајно револуционерно братство
Бугарско тајно револуционерно братство — организација на проегзархиската групација во Солун. Биле идејни противници на Македонската револуционерна организација поради своите големобугарски политички сфаќања[1], приврзаници на Бугарска егзархија и на нејзината црковно-просветна пропаганда во Македонија. Целта на проегзархистите е сите да се обединат околу Егзархијата, да се поддржи нејзината црковно-просветна дејност, а останатото ќе го направи Бугарија кога ќе дојде со својата војска и ќе ја ослободи Македонија.[2] Братството е основано во март 1897 година и постои до септември 1899 година, кога неговите членови влегуваат во ТМОРО.
Бугарско тајно револуционерно братство | |
---|---|
Иван Гарванов претседателот на Братството | |
Активна | 1897 - 1899 |
Земји | Отоманско Царство и Македонија |
Припадност | автономија |
Вид | националистичка организација |
Команданти | |
Претседател | Иван Гарванов |
Причини за појава на Братството
уредиСтрански пропаганди во Македонија |
---|
Основачите на братството биле родени Бугари[3] и застапувале големо-бугарски идеи.[3] Кон себе успеале да привлечат дел од конзервативните македонски чорбаџии[3]. Со појавата и развојот на македонското националноослободително движење под раководство на ТМОРО, на проегзархиската партија во Солун почнале да и ослабуваат позициите, а авторитетот на нејзините приврзаници почнал да опаѓа. Егзархистите увиделе дека нивната политика се наоѓа во опасност и затоа ги смениле и целите и тактиката.[4] Имено, тие почнале да ја имитираат ТМОРО и се прогласиле за револуционери.
Формирање на Братството
уредиСпоред Христо Куслев, сигнал за формирање на Братството дал полковникот Јанков кон крајот на 1896 година кога бил во Солун[5], а според Ѓорче Петров, идеен творец на Братството бил Васил Иванов К‘нчов, кои идејата ја дал во согласност со Егзархот Јосиф и Селџобалиев.[6].
Тие сметале дека најпогоден за оваа задача е Иван Гарванов и сакале него да го спротивстават на ТМОРО. Конкретно Братството било формирано во март 1897 година во Солун.
Во неговото конституирање учествувале 14 души и меѓу нив биле: Иван Гарванов, Христо Тенчев, Јосиф Кондов, Димитар Мирчев, Атанас Наумов, Делчо Колушев, Христо Ганов и др. За претседател бил избран Иван Гарванов.
Организација на Братството
уредиНа чело на Братството стоел Централен управен совет составен од 3 члена. Членовите меѓу себе се нарекувале „браќа“, браќата се делеле на млади и стари. Помладите браќа биле должни да се потчинуваат на постарите браќа. Членовите на Братството биле должни да плаќаат годишна членарина.
Устав на Братството
уредиУставот бил донесен во март 1897 година и во него се гледа големобугарската политика за која се залагале неговите членови. Според Уставот, братството имало за цел:
а) да го подготви бугарскиот народ сам да си извојува слободен политички живот. б) да се расправи со одделните народни мачители. в) да ја заштити бугарската народност од посегањата на инородните пропаганди.[7]
За да се остварат тие цели се предвидувале следните средства:
a) Жива и печатна реч
б) Терор
в) Смрт
г) Револуција[7]
Цел на Братството
уредиЃорче Петров во своите спомени заклучува дека братството било воспоставено под божем револуционерна основа за да може полесно да ги зазеде позициите на ЦК на ТМОРО. Братството немало друга идеја[8]. Иван Хаџи Николов истакнува дека целите на братството биле:
„ | 1. Неговите членови прикриени под формата на легална дејност да не се изложуваат на жртви, 2. Организираната маса да се потчини на Егзархијата и ВМК | “ |
Братството сметало дека ќе постигне успех ако Иван Хаџи Николов и Христо Татарчев бидат отстранети од Солун и на нивно место Братството да постави свои членови, и на тој начин да го контролира ТМОРО[9]. Односно целта на Братството е затскриено да работи и да го попречи македонското националноослободително дело да чекори по својот пат.
Контакти со бугарската влада
уредиВо ноември 1897 година во Солун било формирано Бугарското благотворително братство - Милосрдие [10]. Тоа било под покровителство на бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов, а почесен член бил бугарскиот премиер Константин Стоилов.
Претседател на Милосрдие бил Д. Х. Иванов[11]. Сите членови на Револуционерното братство станале членови на Милосрдие. Целта била преку Милосрдие да се води легална борба против ТМОРО и тоа под покровителство на А. Шопов, односно бугарската влада[12]
Односите помеѓу Братството и ТМОРО
уредиСудирот со ТМОРО
уредиДел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Веднаш по формирањето, братството стапило во контакт со ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) со таа цел, во Софија отпатувал Колушев. На 23 април 1897 година, Врховниот Комитет испратил окружно до Братството кое било насочено против српската пропаганда во Македонија. На 1 мај Иван Гарванов кои имал 100 примероци од окружното и почнал да го растура. Оваа окружно било повод за започнување на првиот судир на ТМОРО и Братството.
Судирот започнал поради различните стојалишта помеѓу двете организации во однос на пропагандите во Македонија. Братството против српската пропаганда тргнувало од позициите на бугарската политика. ТМОРО од своја страна имала свои позиции и ист пристап кон сите пропаганди во Македонија.
Во летото 1897 година ТМОРО направила обид за ликвидација на Васил Иванов К‘нчов, по обидот Централниот управен совет на Братството решило да бидат да ликвидирани Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Пере Тошев и Христо Матов. Но обидите за ликвидација на членовите на ЦК на ТМОРО и биле неуспешни.
Во пролетта 1899 година во Сер, ТМОРО направила обид за ликвидација на Атанас Наумов. По овој обид, Братството увидело дека не може само да се спротивстави на ЦК и се обратил на Врховниот комитет во Софија[13]
Преговорите
уредиПрвиот обид за помирување помеѓу Братството и ТМОРО се датира во септември 1899 година. Преговорите завршиле неуспешно. Конечно судирот помеѓу ТМОРО и Братството завршил во првата декада на 1899 година со посредство на Врховниот Комитет и неговиот претставник, воедно и посрeдник, поручникот Иван Камбуров.
Братството од Камбуров побарале да имаат свои член во ВМК на местото на Ѓорче Петров, кое било одбиено, бидејќи не се согласувало со политиката на Комитетот. Негова цел било целосно премавнување на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија и поставување на свој човек во Солун со цел тој да ја надгледува сета дејност на ТМОРО во Македонија.
Тој го убедувал Братството да го прифати барањето на ТМОРО за распуштање и слевање на Братството во ТМОРО. Камбуров потенцирал дека Врховниот Македонски Комитет ќе стане главен раководител на целото македонско револуционерно дело. Братството ги прифатило условите на ТМОРО.
Протоколот за помирување го потпишале Христо Татарчев и Иван Гарванов, исто така и поручникот Камбуров, својата копија ја испратил до Врховниот Комитет. Неколку дена подоцна Пере Тошев во организацијата ги заколнал: Гарванов, Колушев, Коне Самарџиев, Мирчев и др. Заклетва не дале Чакаров и Кочо Аврамов.
По две недели во Централниот комитет како претставник на поранешното Братство влегол Јосиф Кондов, а Иван Гарванов влегол во Солунскиот окружен комитет. По потпишувањето на протоколот за помирување, Бугарското тајно револуционерно братство се самораспуштило и се слеало во ТМОРО со што престанало официјално да егзистира, но неговите поранешни членови продолжиле со својата активност, сега во самата организација.
„ | Оваа грешка (на Ц.К на ТМОРО б.н) скапо ќе го чини македонското ослободително движење [14] | “ |
Во текот на Солунската афера од 1901 година, сите членови на Централниот комитет биле приведени, а Иван Хаџи Николов пред да биде уапсен го повикал Иван Гарванов и Спас Мартин им кажал како се кореспондира со внатрешноста и Врховниот комитет, а на втората средба му дал 5 бланко потврди на Софрониј Стојанов кој заминал за Софија, со овие потврди офицерите биле овластени за кревање на востание во Македонија.
ТМОРО се нашла во рацете на Иван Гарванов и идејните противници на организацијата. Иван Гарванов е човекот кој ја донел главната одлука за кревање на Илинденското востание, иако голем дел од македонските дејци сметале дека таквата одлука е предвремена и штетна.
Историски погледи
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Дејноста на Бугарското тајно револуционерно братство во македонската историографија е оценета негативно поради големо бугарските политички сфаќања на неговите дејци [1].
Тенденцијата на Братството да биде втора револуционерна организација во Македонија немало за цел засилување на македонското националноослободително дело, туку агитирање во интерес на бугарската државна политика и создавање на услови за присоединување на Македонија кон Бугарија [15].
„ | Појавата на Братството, со претензија да биде втора револуционерна организација во Македонија, немала цел да го засили национално-ослободителното движење на македонскиот народ. Напротив, тоа се појавило како ретрограден фактор во моментот кога македонскиот народ најинтезивно беше атакуван од српскогрчката пропаганда и имал потреба од сплотеност [16] | “ |
Во бугарската историографија дејноста на Братството се смета за дел од македонското националноослободително движење и се негираат големо-бугарските политички сфаќања на неговите дејци. Судирот помеѓу Братството и ТМОРО не се третира како идеен судир, туку како борба за превласт во движењето на кое му се дава бугарски карактер.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Пречки и опасности (од записите на Иван. Х. Николов), Ил. Илинден, 2 (82), Софија, 1937.
- ↑ Христо Сиљанов, Ослободителните борби..., т. 1, 123-124
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Спомени на Димитар Влахов..., 31-32.
- ↑ Христо Сиљанов...т.I, 126
- ↑ Спомени на Хр. Куслев..., 31-32
- ↑ Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,73.
- ↑ 7,0 7,1 Устав на Бугарското револуционерно братство, (В. Георгиев и С. Трифонов, Историја на бугарите...,339-341)
- ↑ Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,72.
- ↑ Пречки и опасности...,6
- ↑ Панде Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
- ↑ Атанас Шопов, Дневник...,73
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење...,258.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење..., 260.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење...,257.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење...,256.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење...,256.
Литература
уреди- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-19033 година, Институт за Историја, филозофски факултет, Скопје, 2003.
- Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
- Пречки и опасности (од записите на Иван. Х. Николов), Ил. Илинден, 2 (82), Софија, 1937.