Отвори го главното мени

Право е неделен весник, официјален орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Отоманската Империја, а подоцна станува орган на македонско-одринските интереси откако овие две области по Берлинскиот конгрес останале во рамките на империјата. Со текот на времето Право станува неофицијален орган на Македонскиот комитет од Софија и Македонската револуционерна организација, со што започнува да ги преставува интересите на македонското револуционерно движење.

Право
Право.jpg
Насловна страница
УредникВасил Маков
Основан12 ноември 1894
ЈазикБугарски
Престанал13 март 1903
СедиштеСофија

Содржина

УреднициУреди

Го уредувале Васил Маков (главен уредник), Никола Наумов (главен уредник), од бројот 13 како уредници се јавуваат Христо Дојчинов и Тома Карајовов [1]

ДејностУреди

Македонското прашање и ОдринскоУреди

Весникот во почетокот се занимавал со прашањето за Македонија и Одринско кој останале под управата на Отоманската империја.

Првенствено биле разгледувани културните и духовните интереси на тамошното население, подобрување на положбата врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес и спроведување на реформи.

Со засилувањето на македонското револуционерно движење весникот почнува да се занимава и со политички прашања и станува неофицијално гласило на Македонскиот комитет со што јавно се барало автономија на Македонија.

Неофицијален орган на МРОУреди

По создавањето на Македонската револуционерна организација, односно по создавањето на нејзиното Задгранично претставништво, весникот станува неофицијален орган на Организацијата и ги пренесува нејзините ставови за решавање на Македонското прашање.

Според Пејо Јаворов, весникот ги преставувал личните ставови на Гоце Делчев меѓутоа треба да се истакне дека тој како задграничен преставник ги застапувал интересите и потребите на самата Организацијата.

Во овој весник е објавена и статијата на Ѓорче Петров под наслов Македонското ослободително дело на бугарска почва како и голем број на други текстови како што и ставот на Организацијата во однос на Македонското прашање:

Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ [2].

ИзвориУреди

  1. Шапкарев, Кузман. За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма. София, 1984, стр. 636.
  2. Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3

ЛитертураУреди

  • д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945) Скопје, 1980
  • д-р Боро Мокров - м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993