Јордан Николов (револуционер)
Јордан Николов Попиванов — македонски просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.
Јордан Николов | ||
Роден | 1884 Варош, Прилепско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 4 јуни 1917 Прилеп, Македонија |
Животопис
уредиНиколов е роден во 1884 година во селото Варош, денес населба во Прилеп. Учителствувал во Прилеп, Солун, Сер и на други места. Како учител во Прилеп во 1907 година е секретар на околискиот комитет на ВМОРО. Од 1901 до 1902 и од 1907 до 1911 година е учител во рамките на Солунските гимназии - машката, трговската и женската. Во 1910-1911 година е директор на женската гимназија "Свето Благовештение" [1][2].
Наводи
уреди- ↑ Миладинова, Царевна. Епоха, земя и хора.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 134.